+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Porto Carras Ситонија 11ти Октомври 

Neos Marmaras Halkidiki-Sithonia Grcija

За продолжениот викенд по повод 11 Октомври, ве водиме до бисерот на Халкидики, вториот крак Ситонија, со сместување во легендарниот ресорт Porto Carras Meliton 5★. Опкружен со кристално чистото Егејско Море, боровa шуma, приватнa плажa и пространи лозови насади, овој луксузен ресорт нуди совршен спој на релаксација, природа и врвна услуга. Уживајте во пријатното есенско сонце, луксузното сместување, богатата гастрономска понуда и незаборавната атмосфера на едно од најпознатите туристички одморалишта во Медитеранот.

Програма на патување

1. Ден 10.10.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ПОРТО КАРАС

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 03.30 часот. Поаѓање за Ситонија во 04.00 часот. Пристигнување во ресортот Porto Carras Grand Resort Meliton 5* и сместување во соби. Слободно време за одмор, релаксација и уживање на приватната плажа на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 11.10.2026 (неделла) ПОРТО КАРАС – НЕОС МАРМАРАС ПАРТНЕНОНАС – ПОРТО КАРАС 

Појадок. По појадокот заминување кон традиционалното село Партенонас, едно од најубавите и најавтентични села на Ситонија, сместено на околу 350 метри надморска височина над Неос Мармарас. Следува прошетка низ живописните калдрмисани улички, покрај старите камени куќи, локалните продавници и традиционалните таверни, со можност за кафе, додека уживате во прекрасниот панорамски поглед кон заливот Торонеос. Враќање во хотел. Слободен ден за одмор, релаксација и уживање на приватната плажа на хотелот. 

3. Ден  12.10.2026 (понеделник) ПОРТО КАРАС – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување кон Македонија. Заминување кон Македонија со кратки попатни паузи за одмор, фришоп и обавување на царински формалности, планирано пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервација и уплата до 31.08.2026 – 175€/10.850ден

ПРОМО цена за резервација и уплата до 25.09.2026 – 185€/11.470ден

Редовна цена на аранжманот 195€/12.090ден

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Превоз  со туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во хотел Porto Carras Grand Resort Meliton 5* во двокреветни соби (макс. капацитет 2+1)

  • Double Golf / Double Sea-Marina view (Run of the House) 

– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса) 

– Посета на селото Партенонас над Неос Мармарас 

– Организација и реализација со лиценциран туристички придружник 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Патничко и здравствено осигурување 

– Туристичка такса 15€ од соба од ноќ (доплата на рецепција) 

– Користење на внатрешен базен 35€ возрасен, 15€ дете до 12год. (доплата на лице место)

– Дете 2 до 12год бесплатно во хотел плаќа само превоз 40€ (доплата во агенција) 

– Доплата за еднокреветна соба 80€ на цената на аранжманот 

Напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

Grcija

Leave a Reply