ХОТЕЛ Santa Caterina Village 4* – Италија

СКАЛЕА, КАЛАБРИЈА, ИТАЛИЈА

Италија освен што е позната како земја со богата историја, култура, сладолед, пица, лазања и вино, позната е и по совршени брегови. Нејзините преубави плажи ги оставаат туристите без здив. На врвот на италијанската чизма, во азурното кристално Тиренско море се наоѓа едно пријателско калабриско одмаралиште, со поглед на кристално чистите води и опкружено со голем, зелен парк…
Во Калабрија, во срцето на заливот Поликастро, во Скалеа, се наоѓа Santa Caterina Hotel Club Village – Хотел со 4* на самата плажа.

SANTA CATERINA Village & Beach Resort 4* е туристичка населба, се наоѓа на самиот брег со кристално чистите води на Тиренското море, обиколен со прекрасни зелени паркови. Располага со 379 соби во повеќе категории распространети во две згради. Располга со 4 базени за возрасни и за деца, како и водени лизгалки. Спортски терени за кошарка, ракомет, одбојка и други спортски активности. Располага и амфитеатар и организирани дневни и вечерни анимации и културно забавни активности за деца и возрасни.

ПЛАЖА:
Располага со огромна сопствена плажа опремена со БЕСПЛАТНИ лежалки, чадори, а може да уживате и во ладните пијалоци, коктели и пица бар. Спасителите на плажата се цел ден присутни, за безбедноста на гостите.

СОБИ:
Располага со повеќе категории на соби распределни во двата објекти:
СТАНДАРД СОБА: Опремени со централна климатизација, ТВ, балкон, фен з коса.
СМАРТ СОБА: Опремени со балкон, бесплатен Wi-Fi, телефон, сеф, мини фрижидер, ТВ и централизирана клима.

Услуги:

  • Рецепцијата е отворена 24 часа, со персонал кој зборува повеќе јазици;
  • Има два големи ресторани на база на ALL INCLUSIVE LIGHT услуга, а посебен дел е наменет за децата и специјално подготвена храна за нив;
  • На територијата на хотелскиот комплекс има 3 бара: на рецепцијата, покрај големиот базен и на плажа;
  • За љубителите на спортот им се нудат: тенис, пиннг-понг, одбојка, кошарка, фудбал и друго;
  • Бесплатен Wi-Fi;
  • Бесплатен забавен детски центар;
  • Шопинг центар;
  • Медицински пункт;
  • Паркигн;
  • Дискотетка на отворено

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз Скопје – Битола – Игуменица – Бари – Скалеа – Бари – Игуменица – Битола – Скопје;
  • Бродски превоз Игуменица – Бари – Игуменица;
  • 7 полни пансиони на база традиционална италијанска кујна (шведска маса) за појадок, ручек и вечера;
  • Вклучен пијалок за време на ручек и вечера;
  • Чадори и лежалки на плажа БЕСПЛАТНО;
  • 4 базени од кои 1 со тобогани;
  • Дневни и вечерни забави;
  • Бесплатен Wi-Fi интернет во собите и заедничките простории;
  • Спортски занимации;
  • Клима.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса за време на целиот престој 15 евра по лице, се плаќа во автобус;
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати неспоменати услуги.

ПРОГРАМА:

ДЕН 1: Вторник
Состанок на групата на претходно договорено место во 13:00 во Скопје, Велес, Прилеп и Битола. Патувањето продолжува кон Грција и пристаништето Игуменица. Гранични формалности. Патување со попатни одмори од околу 4 часа. По пристигнување во Игуменица, качување на бродот за Бари. Ноќно пловење кон Бари/Бриндизи. Околку 9 часа.

ДЕН 2: СРЕДА РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Пристигнувањето на пристаништето Бари. По напуштањето на бродот патувањето кон самиот ресорт кое трае околу 4 часа со 1 попатна пауза. Пристигнување во Скалеа и ресортот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3: ЧЕТВРТОК ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време за запознавање со ресортот и уживање во кристалните води на Тиренското Море. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4: ПЕТОК ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време на плажа или можнност за користење на дополнителна екскурзија по желба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5: САБОТА ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време на плажа или можност за користење на дополнителна екскурзија по желба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6: НЕДЕЛА ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време на плажа или можност за користење на дополнителна екскурзија по желба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 7: ПОНЕДЕЛНИК ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време на плажа или можност за користење на дополнителна екскурзија по желба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 8: ВТОРНИК ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Слободно време на плажа или можност за користење на дополнителна екскурзија по желба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 9: СРЕДА ПОЈАДОК/РУЧЕК/ВЕЧЕРА
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Багажот се одлага во просториите наменети за чување на багажот. Во 13.00 часот заминување кон Бари. По пристигнувањето на посета на Црвката на Свети Никола чии мошти почиваат тука. Слободно време за прошетка низ Бари до времето за качување на брод во 22.00 часот. Ноќна пловидба кон Игуменица.

ДЕН 10: ЧЕТВРТОК ИГУМЕНИЦА – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување на пристаништето во Игуемница. Напуштање на бродот. Заминување кон Македонија со попатни одмори и гранични формалности.

  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply