Praga Praga Ceska
За продолжениот викенд по повод 11 Октомври, ве водиме во Прага – „златниот град“ во срцето на Европа. Со својата бајковита архитектура, импозантни плоштади, мостови над реката Влтава и богато културно наследство, Прага нуди совршен спој на историја, уметност и романтична атмосфера – идеален избор за есенско патување исполнето со незаборавни доживувања.
Програма на патување:
09.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата во 10.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Чешка во 11:00 часот (претпладне). Дневно и ноќно возење низ Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности.
10.10.2026 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во Прага во претплaдневните часови. Следи разглед на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време со водичот собирање на групата и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.
11.10.2026 (недела) ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Дрезден. Денес, главен град на покраината Саксонија , а некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Градот е основан уште во 600год. н.е на обалата на реката Елба. Во еден период бил населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден итн. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Во договорено време со водичот враќање во Прага. Ноќевање.
12.10.2026 (понеделник) ПРАГА – ПАРНДОРФ (ШОПИНГ) – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена во 08:00 часот со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Време предвидено за шопинг, кафе, ручек и индивидуални прошетки. Поаѓање од Parndorf и продолжување кон Виена. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. По пристигнувањето, следи панорамски разглед на градот со автобус: Стефан Плац, Катедралата Св. Стефан и поширокото централно градско јадро. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности. Предвидено пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.ПР
ПРОМО цена за резервација и уплата до 31.08.2026 – 169€/10.478 ден
ПРОМО цена за резервација и уплата до 25.09.2026 – 179€/11.098ден
Редовна цена на аранжманот 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз со високо туристички автобус
– Сместување во хотел со 3* во Прага на база 2 ноќевања со појадок
– Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
– Организирани посети според програмата
– Комплетна организација и реализација со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжителен разглед на Прага со локален водич 20€ (доплата во автобус)
– Факултативно вечерно крстарење по В`лтава 25€ (плаќање на лице место)
– Факултативна посета на Дрезден 50€ (доплата во автобус)
– Индивидуално патничко и здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 70€/ 4.340мкд
– Туристичка такса 10€ евра по лице за престој (доплата во автобус)
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.









