Вила “KOSTAS” – Калитеа

Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на булеварот над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (еден брачен + две единечни легла во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер…), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Гостите со сопствени возила, може да паркираат на булеварот под терасите на вилата но не и пред влезот на вилата, бидејки е пешачка улица и не е дозволено паркирање. 

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во 1/4 студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50м на булеварот пред вилата.
  • –  Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *