Вила Лион се наоѓа помеѓу Никити и Агиос Јоанис Халкидики, со совршен поглед на заливот Торонеос. Вилата располага со паркинг простор за 3 коли, скара, базен со лежалки и чадори, сауна и амам. Од вилата има прекрасна панорама кон заливот Торонеос. Сместена во долина опкружена со маслинови стебла и пријатна летно ветре и свежина преку денот. Куќата има 3 нивоа и е со капацитет за сместување на 6-8 лица. Во рамки на комплексoт гостите имаат на располагање отворен базен, скара, детско игралиште и приватен паркинг за 3 возила.
Приземјето нуди пространа кујна со сета модерна опрема вклучувајќи машина за миење садови, трпезарија, спална соба и бања со туш.
Скалите водат до првиот кат каде има кујна, простор за седење, спална соба со два единечни кревети и бања со туш.
Горниот кат нуди главна спална соба и пространа бања опремена со машина за перење.
Вилата е климатизирана, опремена со ТВ, интернет, мрежи против комарци, фен, пегла и даска за пеглање.
Вилата е оддалечена околу 1,2 километри од песочната плажа и шеталиштето во Никити, кое нуди многу супермаркети, локален фармерски пазар секој петок, таверни и барови, додека најблиските пекари се на главниот пат, на неколку стотини метри од сопственоста.
ЦЕНА НА АРАНЖМАН ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања во Вила Лион (наем);
- Користење на Wi-Fi и клима.
ЦЕНА НА АРАНЖМАН НЕ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз – 50 евра по лице, за деца до 11,99 год., 40 евра;
- Патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци;
- Туристичка такса (околу 1,5 евро од ден).
СМЕСТУВАЊЕ:
На првите 2 нивоа од вилата се наоѓа комплетно опремена кујна со трпезарија, дневна соба со аголна гарнитура на извлекување и камин и 2 спални соби со тоалет со туш. На третото ниво се наоѓа спална соба и поголемо купатило со машина за перење. Две спални соби се брачен кревет додека третата е со 2 одделни кревети.
Терасата на третото ниво е со прекрасен поглед кон море и маслинови насади. Кујната е комплетно опремена со шпорет со рерна, фрижидер, микро, машина за садови како и трпезариски простор.
Вилата располага со приватен велнес центар каде гостите може да се опуштат во парно купатило и сауна, а на барање може да се огранизираат и дополнителни услуги како масажа и часови по јога.
Вилата е опкружена со убаво уреден двор каде е сместен базенот со лежалки и чадори. Гостите имаат на располагање тераса за сончање, градинарски намештај, скара, а за најмладите е обезбедено детско игралиште. Достапни се 4 приватни паркинг места а куќните миленичиња се добродојдени.
УСЛУГИ:
Бесплатен Wi-Fi интернет
- Клима, греење;
- LCD ТВ;
- Кујна, фрижиер, шпорет, рерна;
- Микро, електричен бокал за вода, машина за перење садови;
- Купатило со туш, фен за коса, машина за перење алишта;
- Вентилатор, пегла, мрежа за комарци;
- Тераса, поглед море;
- Базен, тераса за сунчање, лежалки и чадори;
- Градина, скара, гарнитура за седење, детско игралиште;
- СПА, сауна, парно купатило;
- Приватен паркинг.
НАПОМЕНА:
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Доплата за туристичка такса 1,5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата.
- Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
- Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
- Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
- За споен термин по РЕДОВНИТЕ цени, на вториот термин се добива 10% попуст, за ПРОМО цените нема намалување на споен термин
- Попустите Не се комбинираат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
- Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
- Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
- Email
info@meriontravel.com.mk - Phone
+389 77 608 888 - Address
Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово