+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА

Белград е градот кој никогаш не спие, познат по својата енергична атмосфера, богат ноќен живот и незаборавни новогодишни прослави. Со својата уникатна комбинација од музика, забава и гостопримство, Белград претставува идеална дестинација за дочек на Новата 2027 година.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 149 евра (9.240 мкд)


ПРВ ДЕН –  31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 01:00 до 02:00 часот, после полноќ). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Белград преку Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Следува пристигнување во Белград во утринските часови, сместување во хотел/хостел. Во претходно договорено време следува посета на дневна журка. Враќање во сместување и подготовка за дочек на Новата година во дискотека. Ноќевање.
ВТОР ДЕН –  01.01.2027 (ПЕТОК) – БЕЛГРАД
Можност за разглед на Белград со локален водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Слободно време за прошетка. По слободното време враќање во сместување и подготовка за ноќна журка. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА) БЕЛГРАДНапуштање на сместувањата и упатување кон Македонија. Денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Предвидено пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација,
– Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** или хостел без појадок
– Пратител на групата и организација на патуавњето,
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Патничко и здравствено осигурување – 6 еур (може да се изготви во агенција)
– Туристичка такса 4 еур/лице
– Факултативни излети
– Индивидуални трошоци

Напомена:– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане

Leave a Reply