Некогаш најпознатиот центар за рехабилитација на Балканот, по 16 години пауза, повторно е отворен за туристи, сега во ново руво. Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на Копаоник, покрај долината на Бањска Река, на 10км од Куршумлија. Лековитата моќ на термо минералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. Хотелскиот комплекс е поставен на површина од 17.000 м2 и располага со 8 базени со термо минерална вода погодни за пливање на отворено или затворено во секое време од годината.
Програма на патување:
Прв ден 06.09.2024 (Петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Втор ден 07.09.2024 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
Трет ден 08.09.2024 (Недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки во околината на хотелот, уживање во природа по т.н. Патеки на Здравјето. Вечера. Ноќевање.
Четврти ден 09.09.2024 (Понеделник) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Време за користење СПА до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Заминување во Македонија во договорено време со водичот на групата. Дневно патување со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.08.2024 – 239€/14.418ден
Редовна цена на аранжманот – 259€/16.058ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел Планинка 4* во двокреветни соби на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
– Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење велнес содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, Kneipp патека, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет гратис плаќа само превоз 35€/2.170ден
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 129€/7.998ден
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Доплата за еднокреветна соба 30€
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по лице
Напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 20 дена пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште, истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.