Период на патување 24.05-26.05.2024
ПРВ ДЕН – 24.05.2024
Состанок на групата во 00:00 часот пред агенција. Поаѓање во 00:30 часот од Прилеп. Организиран трансфер од други градови (времето на поаѓање од другите градови ќе се знае два дена пред поаѓање).
Патувањето се одвива преку граничниот премин Ќафасан со царински формалности и попатни паузи. За Република Албанија дозволено е да се патува само со лична карта.
Пристигнување во КСАМИЛ во раните утрински часови. Сместување во вили. По сместувањето има слободно време за уживање на прекрасните песочни плажи и тиркизното море како и за прошетки низ Ксамил. Во попладневните часови организирана факултативна прошетка до САРАНДА. Прекрасен град на јонски брег кој наликува на Италијанските градови и кој привлекува голем број на туристи со својата убавина. Ќе имате можност да вкусите традициона храна во некои од многубројните таверни и ресторани, или да се напиете кафе покрај море. Во договорено време враќање во Ксамил. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 25.05.2024
Во утринските часови предвидена е прошетка до едно од најпознатите туристички локации во округот на Ксамил и Саранда, познато под името “СИНО ОКО” кое претставува извор длабок 50 метри низ кој постојано тече и извира кристално чиста вода која е толку чиста што дури може и да се пие. Прекрасно место кое го запира здивот на секој посетител со својата прекрасна тиркизна убавина. По посетата се враќаме во Ксамил. Слободно време за уживање на плажа и други индивидуални активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 26.05.2024
Одјавување од собите. Поаѓање во пладневните часови во договор со водичот. Поаѓање према Македонија преку граничен премин Ќафасан со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
89 евра по лице во трикреветни и четирикреветни соби
99 евра по лице во двокреветни соби.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
- 2 ноќевања во апармани во Ксамил
- Автобуски превоз од Прилеп Битола Охрид и Струга
- Лиценциран туристички придружник на групата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување (информации во агенција)
- Трансфер од Скопје, Велес и Кавадарци (Дреново) – 15 евра по лице за два правци
- Пакет факултативни излети – Саранда и Сино Око – 25 евра (влезница + превоз)
- Туристичка такса 1 евро по ден по лице
НАПОМЕНА!!!
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници
- Краен рок за евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање
- Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
- За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
- Патникот има обврска да го провери пасошот или личната карта пред патувањето.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 4 години со две лица во соба – 45 евра (спијат во кревет со родител)
- Дете од 4 – 12 години со две лица во соба плаќа 75 евра и користи легло.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
- Имајте во предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.