НОВА ГОДИНА 2025 ЗАГРЕБ

За патувањето

Загреб -главен град на Р.Хрватска и најголем град по бројот на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида со поглед на реката Сава, Градец и Каптол.

Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска.

Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата. Уникатниот спој на средовековни кули, палатите од 19-от век, античките катедрали, пазарите на отворено, го прават Загреб совршен град за уживање

29.12.2024 (Недела) СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ

Состанок со групата пред паркингот на поранешен хотел Бристол во 19.30 часот и поаѓање во 20:00 часот за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

.12.2024 (Понеделник) ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.

31.12.2024 (Вторник) ЗАГРЕБ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.

01.01.2025 (Среда) ЗАГРЕБ–ЉУБЉАНА -СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден-02.01 во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259евра /16.058 мкд

ПРОМО ЦЕНА 229 eвра /14.198 мкд за резервации до 15.11.2024

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
  • Сместување во хотел 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Загреб со локален водич
  • Посета на шопинг центар “Arena Centar”
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е вклучено:

  • Посета на Љубљана 50 евра
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристичка такса 400 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
  • Доплата за избор на седиште во автобус 620 мкд
  • Дете до 3 години гратис (без легло)
  • Дете од 3-6,99 години (без легло, спие со родители) 2.900 ден за две ноќевања

Leave a Reply