Вила Зои 1 – Остров Скијатос

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Вила Zoi 1 располага со  15 студиа, двокреветни, трокреветни  и четирикреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири,мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна). Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

Вила Зои 1

Вила Zoi 1 располага со 15 студиа, од кои 9 се двокреветни ,5 се трокреветни студиа и  1 четирикреветно студио.  Секоe студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (што не е класична кујна).

Студио број 1 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 2 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 3 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 4 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 5 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.
Студио број 6 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 7 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 8 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 9 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 10 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 11 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 12 е четирикреветно и се наоѓа на трет спрат.
Студио број 13 е двокреветно и се наоѓа на трет спрат.
Студио број 14 е трокреветно и се наоѓа на приземје.
Студио број 15 е двокреветно и се наоѓа на приземје

Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

Leave a Reply