+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Budapest Budapest Hungary

🚌 автобуски превоз

Убавицата на Дунав – БУДИМПЕШТА

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

Будимпешта, главен град на Унгарија, сместен на бреговите на реката Дунав е еден од најубавите и најелегантните градови во Европа,. Градот е познат по својата импресивна архитектура, историски мостови и богатата културна сцена, што му ја дава титулата „Бисер на Дунав“.

Будимпешта е исто така прочуена по своите термални бањи, пријатни кафулиња и живописни улици кои го комбинираат историското со современото.

Овој град нуди совршен спој на култура, историја и релаксација, со што се вбројува меѓу најпосакуваните дестинации за туристите во Европа.

04 декември (петок)   СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:15 часот, а летот за Будимпешта со Wizz Air е во 12:20 часот, со слетување во 13:45 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер и комбиниран панорамски и пешачки разглед со локален водич. Ќе се видат споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши и Ракочи, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав кои ги спојуваат Будим и Пешта, Цитаделата, Кралската палата, црквата Св. Матијас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерна прошетка. Во овој период од годината, градот е украсен со илјадници светилки и новогодишна декорација, а божиќните базари во Будимпешта нудат уникатна атмосфера со мириси на цимет, варено вино и традиционални унгарски специјалитети. Посетителите можат да уживаат во штандови со рачно изработени сувенири, топли пијалаци и празнична музика која создава вистинска зимска бајка. Ноќевање.

05 декември (сабота)  БУДИМПЕШТА

Појадок. Можност за посета на  Зоолошката градина во Будимпешта – отворена пред повеќе од 150 години, поседува една од најбогатите збирки во Европа, со над 1000 видови животни, меѓу кои и ретки видови, како и широк спектар на флора… во туристичкиот водич на Будимпешта, препорачана за посета.

Посета на бањата Szechenyi, една од најдобрите и најголеми Спа бањи во Европа која со своите 15 внатрешни  и 3 големи надворешни базени, сауни, парни соби, па дури и спа стаклена градина на покривот е едно од најголемите традиционални затворени спа одморалишта  во Европа. Вечерта, факултативно – крстарење со брод  под прекрасните мостови на Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер. Ноќевање.

06 декемврии (недела)  БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Ваци, прошетка низ центарот на градот, и можност повторно да се ужива во новогодишна атмосфера слушајќи празнична музика и дегустирајќи традиционални унгарски јадења: солен или благ Lángos, гулаш, унгарска штрудла… Или препорачуваме, посета на шопинг центар Campona, aквариум и тропикариум во Будимпешта – отворен во 1999 година, на површина од 3000 метри квадратни, организиран во 8 простории каде се сместени стотици видови на водни животни, егзотични птици… замислете си тунел долг 12 метри, каде што ајкулите пливаат околу Вас. Ноќевање.

07 декември (понеделник) БУДИМПЕШТА –СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на живописното градче Сент Андреа, сместено на брегот на реката Дунав, претставува едно од најубавите и најатрактивни екскурзии во близина на Будимпешта. Овој мал уметнички град е познат по својата шармантна барокна архитектура, тесни калдрмисани улички и бројни галерии, музеи и занаетчиски дуќани. Сент Андреа е препознатлив како „град на уметниците“, каде што посетителите можат да уживаат во пријатна прошетка низ старото градско јадро, да разгледаат локални уметнички дела и да ја почувствуваат автентичната атмосфера на унгарската култура и традиција. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14:20 и слетување во 15:45 часот.

Цена за уплати до 25.06:    399 евра (24.740 мкд)

Цена на аранжманот:  449 евра  (27.840 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Expo Tower 4* во Будимпешта на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран комбиниран панорамски и пешачки разглед на Будимпешта со локален водич

Посета на градчето Сент Андреа

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Туристичка такса 620 мкд (се плаќа во Агенција)

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

-Крстарење со брод по Дунав 25 евра (се плаќа во Агенција)

-Целодневна влезница за  бањата Szechenyi (може да се користат сите базени, сауни и парни купатила) 40 евра – се купува на лице место

-Влезница за тропикариум околу 15 евра – се купува на лице место

-Влезница за Зоолошка градина околу 15 евра – се купува на лице место

-Патничко-здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд.  

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Leave a Reply