BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2, 1/3 СТУДИО И ВО 1/4 АПАРТМАН. ТРЕТО И ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМААТ 30% ПОПУСТ
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2025-та е годината во која сме 11 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. Нашата авантура продолжува. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг.
Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од нај идеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а во непосредна близина е еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки, Malibu Beach.
Вила Савас се наоѓа во Дасиа,на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и добро познатиот Summer Beach Malibu.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Превоз со автобус на релација Скопје- Игуменица -Скопје
– 7 ноќевања / 8 дена
– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на целиот престој
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
-Туристичка такса 2 еур од ден по студио/апартман (се плаќа во агенција)
-Клима уред (се плаќа на лице место)
-Патничко и здравствено осигурување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба на редовна цена. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
-Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст на редовната цена
–Во трокреветна соба 4-то возрасно лице на дополнително легло има 30% попуст на редовната цена
-Во Апартман 3-то и 4то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст на редовната цена
-За сингл соба се доплаќа 50% од редовната цена за вториот кревет
-Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините во табелата
НАПОМЕНИ:
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
-За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
-Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
-За отказ на аранжман порано од 30 дена пред тргнување или промена на теремин се задржуваат манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест.





