+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

RED BULL тура во Мостар за 8ми Септември

Спакувај куфер – те носиме на продолжен викенд што не се заборава! Идеално патување– без слободен ден од работа! Патување за 8-ми Септември Ве водиме на незаборавна тура низ Босна и Херцеговина, каде ќе бидете сведоци на светски познатите Red Bull скокови од Стариот Мост во Мостар, адреналински спектакл што се случува еднаш годишно!Ќе се разладите во природните базени на водопадите Кравице, ќе истражите скриени историски бисери како Врело Буне, Титовиот бункер и Почитељ, и ќе си подарите викенд што комбинира авантура, култура и освежување – сè во еден пакет!Патувањето е идеално скроено – максимално доживување, со минимум отсуство!

 Промо цена на аранжманот: 129 евра (важи за првите 15 уплати)

Редовна цена на аранжманот: 149 евра

05.09.2025- СКОПЈЕ МОСТАР (ПЕТОК) 

Состанок на група во 23:45ч пред хотел Русија. Имаме организизиран превоз од: Кочани, Штип, Велес и Скопје. Поаѓањето од овие градови е порано. За точно време на поаѓање патниците добиваат известување на 2 дена пред поаѓање. Ноќно возење низ Косово, Албанија, Црна Гора па се до Мостар.

06.09.2025- МОСТАР (САБОТА) 

Добредојдовте во Мостар! | Урбана авантура низ Стариот Град | RED BULL Скокови од Стар Мост | Адреналин што се памети! Спремете се – патувањето почнува со стил! Пристигнуваме во живописниот Мостар и веднаш влегуваме во срцето на авантурата. Не губиме време –локален водич нè води низ легендарниот Стари Град, каде што секој камен зборува историја, а секој агол е фотогеничен спој од ориентална култура и балканска душа. Но вистинскиот спектакл допрва доаѓа! Попладне – сме директно во епицентарот на Red Bull Cliff Diving – Мостарско финале! Со илјадници луѓе околу нас, сме сведоци на едно од највозбудливите спортски случувања во регионот – професионални скокачи од целиот свет се фрлаат од 27 метри височина, директно од легендарниот Стар Мост, во дивата река Неретва! Адреналин, музика, аплаузи, и енергија што пулсира! Скоковите од Стариот Мост во Мостар се повеќе од натпревар – тоа е спектакл на храброст, прецизност и чист адреналин, каде светската елита во скокови од височина го предизвикува невозможното. Red Bull Cliff Diving го претвора срцето на Мостар во арена под отворено небо, каде секој скок е момент за паметење! По оваа еуфорија – време е за малку одмор. Следува сместување во хотел, па слободна вечер за истражување на градот под ноќно светло, вкусна локална храна или освежување покрај Неретва. Ноќевање во Мостар – полни со импресии, а патувањето само што започнува!

07.09.2025 (НЕДЕЛА) ИЗВОРОТ ВРЕЛО БУНЕ, ВОДОПАДИ КРАВИЦЕ И ПОЧИТЕЉ 

Магичен ден низ природата и историјата По појадокот, се упатуваме кон едно од највпечатливите природни чуда во Босна и Херцеговина – Врело Буне – изворот што изгледа како бајка! Сместен под вертикална карпа висока над 200 метри, овој извор на реката Буна бурно извира од длабочина од 15°C и создава неверојатна сцена – со смарагдно-зелена вода, манастирот Текето од 16. век вграден во карпата, и мир кој тешко се опишува со зборови. Ова место ќе ви ја наполни душата! Потоа следува вистинско освежување – -Водопадите Кравице – природен базен за сите сетила! Величествени, широки 120 метри, високи 25 метри – Кравице се еден од најубавите водопади на Балканот! Ќе имаме околу 3 часа слободно време за капење, уживање и пикник, а водата е совршено разладување под летното сонце. За оние поактивни – можност за кану, пловење или едноставно лежалка со поглед што нема филтер!  На крајот на денот – го чуваме највкусното за финале: Ручек во Почитељ – градот-музеј под отворено небо! Овој камен град изгледа како да е замрзнат во времето – со стари ѕидини, османлиска архитектура, галерии, уметници и панорамски поглед од тврдината што го одзема здивот. Ќе уживаме во традиционална храна, локални специјалитети и ќе доживееме како изгледал еден автентичен балкански град од минатото. Ова е ден за спомени, природа, култура и вкус што ќе го паметите! Враќање во Мостар. Ноќевање.

08.09.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) БУНКЕРОТ НА ТИТО ВО КОЊИЏ И ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) 

Нека ни е честит денот на независноста на Македонија. Појадок во хотел. Во 07:15ч заминување на екскурзија. Подземна тајна на Југославија + историја на Неретва Титов бункер во Коњиц – добро чувана тајна што сега ја откриваме! Го посетуваме еден од најмистериозните и најбезбедни објекти на поранешна Југославија – Атомскиот Бункер на Тито, скриен длабоко во планината над Коњиц. Овој бункер, граден во апсолутна тајност, со површина од 6.500 м², требало да го заштити Јосип Броз Тито и највисокото раководство во случај на нуклеарна војна. Посетата трае околу 90 минути со водич и вклучува разгледување на автентични соби, комуникациски центри, простории за живеење, генераторски сали и стратешки командни места. Ова не е музеј – ова е жив споменик на една епоха кој ќе ве врати директно во Студената војна. По напуштањето на бункерот, застануваме кај Јабланица, за да ја видиме локацијата на познатата битка на Неретва – со остатоците од срушениот мост што сведочи за една од најдраматичните сцени од Втората светска војна (и култниот филм снимен токму тука). Историска лекција под отворено небо. Враќање во Мостар и подготовка за поаѓање. Околу 13:00–14:00 часот тргнуваме назад кон Македонија – со полни мемориски картички, нови пријателства и незаборавни доживувања од едно балканско патување какво ретко се доживува. Пристигнување после полноќ во Македонија.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Превоз
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
-Разглед на Мостар со локален водич
-Следење на скоковите организирани од RED BULL на стари мост.
-Туристички придружник од агенција

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Посета на Врело Буне, Водопадите Кравице (со вклучена влезница) градот Почитељ- 50 евра од лице
 -Посета на Бункерот на Тито (влезница и водич) Јабланица- 45 евра
-Пакет сите екскурзии- 85 евра (10 евра заштеда)
-Туристичка такса- 3 евра од лице за 2 ноќевања- се плаќа во автобус

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.

Leave a Reply