Вила Зевс – Крф

Вилата Зевс се наоѓа на 400 метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 8 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, секое со сопствена тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Напомена: Вилата има 40 соби кои не се исти по структура, изглед и распоред. Сликите од галеријата се од информативен карактер за да се добие општ впечаток. Ниту една соба нема директен поглед на базен.

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице. Неделна акција за месец јуни со целосна уплата до 12.04

НАПОМЕНА:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз;
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус;
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 1.5 евро по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани);
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет;
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект;
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат;

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен;
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект;
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време;
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери;
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж;
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата;
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите;
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-20 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот;
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа;
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.
  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply