Вила Фулис – Полихроно

Вила ФУЛИС  се наоѓа во мирен дел на влeзот во Полихроно, оддалечена на 50м од плажа. Располага со 6  апартмани, лоцирирани на 1 и 2 кат со страничен поглед кон море. Капацитетот е 3 возрасни и едно дете до 12год.  Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон, ТВ,  WiFi  (од 01 Јуни) и клима вклучена во цената.

Апартман бр.- и бр.- – две соби, брачен и единечен во спалната и еден единечен кревет во кујната, сутерен.

Апартман бр.1, бр.2 и бр.3 – две соби, брачен и единечен во спалната и еден единечен кревет во кујната, на 1кат.

Апартман бр.4, бр.5 и бр.6 – две соби, брачен и единечен во спалната и еден единечен кревет во кујната, на 2кат.

Ценовник бр.2 валиден од 20.02.24

ТЕРМИННАЕМ1/3 + 1 апп1/3+1 апп сутерен
26.057 ноќи240 €170 
02.067 ноќи290 €220 
09.067 ноќи390 €310 €
16.067 ноќи440 €350 €
23.067 ноќи460 €380 €
30.067 ноќи490 €410 €
07.077 ноќи520 €440
14.077 ноќи590 €490
21.077 ноќи590 €49
28.077 ноќи590 49
04.087 ноќи590 €49
11.087 ноќи590 €490 €
18.087 ноќи590 €470
25.087 ноќи520 €420 €
01.097 ноќи440 €350 €
08.097 ноќи390 €300 €
15.097 ноќи330 €240 €
22.097 ноќи290 €200 €

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Leave a Reply