Рим – Велигден

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања 

01.мај (среда) СКОПЈЕ – РИМ (Панорамски разглед) 

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:40 часот. Лет за Рим W6 4757 во 10:40ч. Пристигнување во Рим во 12:25 часот. Трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали.  Ноќевање. 

02.мај (четврток)  РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.

03.мај (петок)  РИМ -ТИВОЛИ 

Појадок.  Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба… Ноќевање.

04.мај (сабота) РИМ – (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил) – Капитолски музеи

Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил… Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на најпознатиот музеј во Рим, музејот Капитол (Musei Capitolini). Историјата на музејот почнува од 1471 кога папата Сикст IV на градот Рим им подарил колекција на вредни бронзени скулптури кои ги сместиле на ридот Капитол. Оттогаш музејската колекција постојано се збогатувала и растела, денеска во музеите ќе најдете многубројни: антички статуи, артефакти, колекции на средновековна и ренесансна ументост, колекција на скапоцени камења и монети… ќе имате можност да ги видите: најпознатата Ертрурска волчица симболот на градот Рим, познатата Медуза на Бернини, Капитолската Венера, дела на Караваџо, Рафаело, Тицијано… Ноќевање.

05.мај (недела)

Појадок (спакуван). Рано наутро трансфер до аеродромот во Рим во 05:45ч. Лет за Скопје W6 4758 во 09:15ч. Пристигнување во Скопје во 11:00 часот.

Standard – пакет со вклучен панорамски разглед = 649 € (40.238,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 719 € (44.578,00 мкд)
Premium  – пакет со вклучени 4 разгледи = 769 € (47.678,00 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

– Организиран панорамски разглед на Рим:
STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта: 
STANDARD (доплата 20| SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
STANDARD (доплата 60) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте:
STANDARD (доплата 60) | SUPERIOR √ (доплата 60) | PREMIUM √ (вклучено)

Во цената е вклучено:

– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.

– Сместување во хотел *** од групацијата на https://gruppoalberghieroraeli.it , на база 4 ноќевања со појадок

– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич

– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.

– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Здравствено – патничко  осигурување околу 220мкд 
– Туристичка такса: Хотел 3* – 6€ или 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Посета на Капитолските музеи (локален водич и влезница) – 35€
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 150€
– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНА:
– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.

  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply