ТЕРМИН: 10.10. – 13.10.2025
Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено.
Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.
РЕДОВНА ЦЕНА: 469 € / 29.078 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.09: 369 € / 22.878 мкд
ПРВ ДЕН – 10.10.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18.20 часот. Полетување во 20:55 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:40 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 11.10.2025 (САБОТА) ИЗЛЕТ ПО МАЛТА – МDINA – BlUE GROTTO – TA’QАLI – ВАЛЕТА
Појадок. Потоа се упатуваме на целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата… Прошетка до Рабат, предградието на Мдина. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо)која е најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно-сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо.Потоа одиме на факултативен разглед на Валета, главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански пресврт. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година.Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата се доплаќа на лице место 15еур). Слободно време. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 12.10.2025 (НЕДЕЛА) ГОЗО
Појадок. Со површина од нешто повеќе од 65 квадратни километри, вториот најголем остров на Малтешкиот архипелаг е Гозо е само околу 25 минути возење со ферибот од главниот остров, Малта. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Овој ден одиме овде на целодневна факултативна посета каде што ќе не пречека волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки. Ќе ја постиме пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Базиликата Та Пину-Место на Чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот. Патувањето до волшебниот малтешки остров Гозо останува нецелосно без ниту еден ден поминат на прекрасната плажа на заливот Dwejra Bay кој се смета за една од најнеобичните атракции на Гозо што многу туристи ја сакаат. Познатите знаменитости како што се Ватрешното море, Карпата Габа, Азурниот прозозорец и караулата Двејра. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче во заливот кој со своите крајбрежни формации и морето што се прелева над карпите е навистина една магична атракција. Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка храна. Враќање во хотел. Вечерта заедничка прошетка во Ст. Џулиан, место познато по својот бурен ноќен живот, монденско место со многу барови и ресторани. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 13.10.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) – МАРСАШЛОК
Појадок и одјавување од хотел.Факултативно, посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е идеално за фотографии поради што многу туристи го посетуваат за да ги сликаат типичните ,,luzzu,, рибарски чамци. Заедничка организирана прошетка со придружник во Слиeма, позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии и можност за уживање во пијачка и морско на пристаниште.Состанок на групата на рецепција во хотел во 19.30 часот. Организиран трансфер до аеродром во 20 часот. Полетување за Скопје во 23:10 часот. Слетување во 00:50 часот.
Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
– Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во во Малта на база 3 ноќевања со појадок
– Заедничка прошетка низ Слиeма
– Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Посета на Попај село и Marsaxlokk 45 евра (трансфер и влезница)
– Излет по Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto, Валета) 65 евра (трансфер, локален водич)
– Посета на Гозо 75 евра (трансфер, брод, локален водич)
– ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 170 евра
– Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
– Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.