€199,00
Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?
Сместување во хотел Grand Hotel Halic 4*, на Таксим!
ТЕРМИН: 28 Декември 2023 год.
1 ден 28.12.2024 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 29.12.2024 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:
Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар…
ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува традиционални кондиторски производи.
Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.
кулата САФИР: Волшебно попладне
САФИР – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 30.12.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.
Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!
Ноќевање.
4 ден 31.12.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. Ден предвиден за релаксирани излети
БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА/ ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ
Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.
Потоа се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.
Попладне: АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.
Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула.
Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата.
WATERGARDEN SQUARE MALL : Продолжуваме кон најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.
Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина… Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули.
Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Пречек на Новата 2024 година
Ноќевање.
5 ден 01.01.2025 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот го сместуваме багажот во автобус.
ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.
6 ден 02.01.2025 СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31 Октомври : 199€ / 12.340 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €/ 14.200 ден.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Сместување во Hotel Grand Halic 4*, на Таксим / 3 НП
- Капали чаршија
- Посета на Форум, Декатлон, Икеа
- Професионален туристички пратител на групата
- Професионален локален туристички водич
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
- Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€
- Крстарење по Босфор – 25€
- Азиски Истанбул – 25€
- Kвартот Балат, Пјер Лоти и Златен Рог: – 15€
Кулата Сафир со влазница и 4Д кино : 40 €
ИСТАНБУЛ КОМБО ПАКЕТ: Крстарење по Босфор + Азиски Истанбул + Сафир кулата + Пјер Лоти + панорамски разглед: 100 €
ИСТАНБУЛ FULL ПАКЕТ: Истанбул Комбо пакет + влезница за Топ Капи палата ( со локален водич) + влезница за Долма Бахче палата (со локален водич) + вечерно крстарење по босфор со вечера и шоу програма: 230 €
- Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 50€
- Топ Капи палата (без Харемски дел) – 50€
- Вечера на Босфор со шоу програма ( освен 31 Дек) – 50€
- Туристичка такса 3€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција )
- Патничко осигурување 300 мкд.
- Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
- Доплата за избор на седиште во автобус – 20€ (задолжителна резервација при уплата)
- Доплата за празно седиште – 150€
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 20 евра (по седиште).
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници