Вилата Allegro Lux e лоцирана во живописното Ормос Панагиас на вториот крак на Халкидики, Ситонија на 400м оддалеченост од една од најубавите плажи на Ситонија, плажата Трани Амудиа. Располага со 3 лускузно опремни мезонети со капацитет за максимум 7 лица со приватен базен. Секој од мезонетите е постаен на 2 нивоа. Секој од мазонетите има 2 нивоа. На второто ниво има тоалет, комплетно опремена кујна со прибор, голем фрижидер, микробранова печка, рерна, решо за готвење, машина за алишт, тв, клима и софа на развлекување за 2 лица и уште еден единечен кревет за едно лице.
На првото ниво има две спални соби од кои едната спална соба има два единечни кревети, а втората спална соба има еден брачен кревет и уште еден дополнителен кревет. На првото ново има излез кон голема тераса со двор, со приватен базен и летниковец со скара и простор за седење. Гостите имаат на располагање приватен паркинг и бесплатна Wi-Fi конекција. Локацијата на оваа луксузна вила е една од најатрактивните на вториот крак Ситонија и од таа причина е погоден избор за сите кои сакаат да ги истражуваат најпопуларните плажи во овој дел на Халкидики.
БЛИСКИ СОДРЖИНИ И ПЛАЖИ ВО ОКОЛИНА:
- На пешачка дистанца од вилата има помали продавници, таверни, кафе барови, рибара, пекара, водени спортови и останати туристички содржини.
- Трани Амудиа плажа 400м;
- Латура плажа 1,5км (3мин со кола);
- Лагониси 1,8км (3мин со кола);
- Талго плажа 2,5 км (4мин со кола).
СМЕСТУВАЊЕ:
Вилата располага со 3 мезонети со капацитет за максимум 8 лица (6 возрасни + 2 деца).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Наем на мазонет за 7 ноќевања.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз за возрасни 50евра по лице повратен билет , за деца до 11,99 години 40 евра повратен билет;
- Патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНА:
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
- Доплата за туристичка такса 1.5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата;
- Цените се изразени во евра за наем, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
- Во собите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети;
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст;
- Попустите Не се комбинираат;
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот;
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена;
- Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час;
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба;
- Доколку е направена штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
- Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот);
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин;
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
- Email
info@meriontravel.com.mk - Phone
+389 77 608 888 - Address
Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово