Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Будва за Нова Година година e популарна поради Балканските изведувачи и прекрасната програма на плоштад.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2025: 109 € / 6.758 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 € / 8.000 мкд
ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата во 22.00час. Поаѓање за Црна Гора во 22.30часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА) БУДВА
Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивидуални активноски. Индивидуален дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) БУДВА – ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2026 (ПЕТОК) БУДВА – ТИВАТ – КОТОР – МАКЕДОНИЈА
Напуштање на собите. Заминување на екскурзија. Првото место што се псоетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно време. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје после полноќ на 03.01.2026 (сабота).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз
– Две ноќевања во приватни вили
– Пратител на групата за времетраење на аранжманот
– Организирана прошетка во Будва
– Организација на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
– Туристичка такса од 2 евра (се плаќа во автобус)
– Факултативна посета на Котор и Тиват-25еур
– Факуптативна посета на Дубровник-30еур
– Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
