Атина – градот каде што историјата и модерниот живот дишат заедно
Под блескавото сонце на Медитеранот, Атина ги пречекува своите гости со величествена комбинација на древно и современо. Градот на боговите и митологијата, каде секој камен раскажува приказна стара илјадници години – од импресивниот Акропол и храмот на Атина Богорадна, до шарените улици на Плака исполнети со ароми на сувлаки и звуци од бузуки.
Во Атина времето застанува само за да уживаш – во залезот над Парфенон, во кафе на тераса со поглед кон Акропол, или во вечерната магија на Монстираки и Псири. Градот е жива уметничка сцена, со енергија што се чувствува на секој чекор.
Атина не е само дестинација – тоа е доживување кое останува засекогаш во срцето.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2025: 159 € / 9.858мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11.098мкд
ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА) АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2026 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата слободно време за себе, посета на познатоот кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2026 (ПЕТОК) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Во договорено време се враќаме према хотел по останатите и тргаме према Македонија.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел во центарот на Атина
– Дочек на Нова Година на плоштад во Атина
– Панорамски разглед со водич
– Организација на аранжманот и туристички пратител во текот на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување
– Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (20 евра)
– Посета на Пирејa и Сунион (20€)
– Влезница за во Акропол со водич (30 еур)
– Туристичка такса 5 евра за двете вечери( се плаќа во автобус)
– Индивидуални трошоци
– Пакет факултативи 90 евра
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
