Вила МИХАЛИС – Крф

Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Постојат 3 типа на соби:

*Regular – стандардна соба со реновиран тоалет на приземје и прв спрат;
*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат;
*Economy без тераса – стандардни соби кои немаат тераса на втор спрат.

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице.

ПРОМО АКЦИЈА ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА 10% ПОПУСТ НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ до 15.04.

НАПОМЕНА:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус;
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 1.5 евро по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани);
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет;
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект;
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз;
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат;
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола);
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две);
  •  Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци;
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата;
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

Вилата располага со простор за паркинг на две возила. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен;
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект;
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време;
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во определен дел во куќата;
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж;
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата;
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите;
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа;
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби.
  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply