Вила ЕЛЕНИ – Крф

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.

НАПОМЕНА:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз;
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус;
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 1,5евро по соба на ден. Се плаќа во автобус;
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои;
  • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка;
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет;
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект;
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз;
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат;
  • За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата).
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола);
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две);
  •  Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци;
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата;
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти. 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 16h по грчко време;
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери;
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж;
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Пешкири се менуваат на четвртиот ден од престојот, додека постелнината не се менува;
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот;
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа;
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.
  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply