+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Вила Kleopatra – Јерисос

НА ПЛАЖА

                                                                      
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата „КЛЕОПАТРА“ е модерна вила, лоцирана е на самата плажа, модерно опремена вила и реновирана 2024 година. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, во апартманите има големи фрижидери и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и ТВ. Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг, кој функционира на прво слободно место.

КООРДИНАТИ: 40.400049, 23.880930

ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

НА ПЛАЖА

ТЕРМИННАЕМАПП 1/2+1/2+1 бр. 1 и бр. 3
страничен поглед море
АПП 1/2+1/2 бр. 2
директен поглед море
15.05.2026*7 ноќи*89*89*
22.05.2026*7 ноќи*129*139*
29.05.2026*7 ноќи*159*159*
05.06.2026*7 ноќи*199*209*
12.06.2026 7 ноќи489519
19.06.20267 ноќи519539
26.06.20267 ноќи579589
03.07.20267 ноќи619629
10.07.20267 ноќи639669
17.07.20267 ноќи659679
24.07.20267 ноќи669689
31.08.20267 ноќи669689
 07.08.20267 ноќи669689
 14.08.20267 ноќи659669
 21.08.20267 ноќи649669
 28.08.20267 ноќи589599
 04.09.2026*7 ноќи209*219*
 11.09.2026*7 ноќи189*199*
18.09.2026*7 ноќи129*139*
Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со претходно одобрување и доплата од 10 евра од ноќ, може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
НАПОМЕНА:

– За пакет аранжманот во АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
– трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице.

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

АПАРТМАНИТЕ: ИМААТ ПЕШКИРИ, САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

 Доплата за превоз:

50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ОПИС НА ВИЛА:

 Високо приземје
АПАРТМАН  БР.1 (1/2)+(1/2)+1 дете  5 ЛИЦА
Апартманот 
се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет поединечен + еден поединечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина како поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар.Во кујната има Тв и маса за ручање. Спалната соба има еден дупли кревет (француски). Апартманот има плакар за алишта и клима уред.Има сопствено купатило и WC. Излегува на тераса со страничен поглед на море.

Први кат

АПАРТМАН БР.2 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на први кат. Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на први кат. Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување.Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.

ПРЕВОЗ:
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ТРГНУВАЊЕ ОД:
ГрадМесто на тргнувањеВреме
КумановоБензинска пумпа Макпетрол03:15 часот наутро
СкопјеСпортска Сала Борис Трајковски04:00 часот наутро
ВелесМотел Македонија04:30 часот наутро
НеготиноБензинска пумпа Макпетрол05:00 часот наутро
ГевгелијаБензинска пумпа Окта-Шимов06:00 часот наутро
ШтипНова Пошта04:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
БитолаСпортска Сала03:15 часот наутро
ПрилепБензинска Лук Оил на влезот04:00 часот наутро

Leave a Reply