Вила Порто Фино – Никиана – Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

  • Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
  • Oдличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
  • Приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
  • иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
  • Прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите. Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани  студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со делумен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ

НАПОМЕНА:

  • Дозволено е сместување спрема капацитетот на студи (број на кревети), освен за 1 дете до 7 години во кревет со родител;
  • Доплата за клима 5 еур од ден;
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат;
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинираат;
  • Туристичка такса се плаќа на лице место.
  • За уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
* 55 еур за возрасни (Битола);
* Доплата за превоз 10 еур: Струга, Охрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп;
* Деца од 2 до 11,99 год.: попуст 10 евра од редовна цена;

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор);
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија);
12:45 h Штип (паркинг пред пошта);
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново);
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил);
04:00 h Битола (Главна автобуска станица);
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола;
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола);
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола;
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол);

Време на заминување од Грција:
Бус Лефкада-Врахос-Парга (времињата се по ГР време)

Агиос Никитас 13.00 часот;
Нидри 14.00 часот;
Никиана 14.30 часот;
Врахос 15.30 часот;
Амудиа 16.00 часот;
Парга 16.30 часот.

  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply