+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

КИНА

Кина е убава во секој дел од годината. Атлас Плус ве води на незаборавни денови во прекрасната и постојано осовременуваната цивилизација.

Ќе ги посетиме: Престолнината Пекинг и најголемиот објект во светот Кинескиот ѕид, градот Ксиан со глинените војници и современот Шангај.

Во живо ќе ја видиме молскавичната промена во Кина, зачуваните традиции и неверојатните современи остварувања. Минатото и иднината ткаат неверојатен сплет на убавини, чувства, носталгии и восхитувања. Ви нудиме да ја видите таа и таква Кина.

КИНА од Скопје со Turkish Airlines преку Истанбул

  • 19 Април / Авион
  • 12 дена
  • Пекинг, Сиан, Шангај | Комплетна Програма
  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2199 евра (136.350 денари)
  • 19. Април (Недела) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 часот и пристигнување во 22:45 часот.

  • 20. Април (Понеделник) ИСТАНБУЛ – ПЕКИНГ

Полетување за Пекинг во 01:45 часот и пристигнување во 15:35 часот по локално време, летот трае 9 часа и 5 минути. Трансфер до хотелот и сместување. Кратко запознавање со главниот град на Кина. Ноќевање.

  • 21. Април (Вторник) ПЕКИНГ

Појадок. Една од најголемите светски привлечности е Кинескиот Ѕид. Овој ден ќе го видиме и ќе одиме по најголемиот објект создаден од човекот. Ѕидот требало да ја заштитува Кина од непријателски напади од север повеќе од 20 века. Потоа е предвидено да се видат достигнувањата во архитектурата на современа Кина. Прв ќе биде националниот стадион „Птичјо гнездо“ и Националниот воден центар „Воден коцка“. Во објектите се одвиваа активности поврзани со Олимписките игри во 2008 година, чиј домаќин беше Пекинг. Ноќевање.

  • 22. Април (Среда) ПЕКИНГ

Појадок. Овој ден ќе одиме до Забранетиот град, најголемото царско живејалиште во целиот свет. Пред него е најголемиот плоштад на планетава, Тјенанмен. Преубавата кинеска архтектура е проткаена со многу длабоко вкоренета симболика и значење што сведочи за долгата царска традиција и духовна култура во оваа далечна држава. Ќе го посетме Небесниот храм и ќе прошетаме низ паркот што го опкружува, за да уживаме во совршената хармонија што ја создале природата и човекот. На туристите им се дава можност да искусат и уникатен третман и масажа на стапалата и да добијат совети од искусни практичари на традиционалната кинеска медицина. Во попладневните часови, разгледот ја опфаќа и Летната палата, ремек-дело на царската архитектура сместено на брегот на езерото Кунмин. Павиљоните и салите се украсени со прекрасни фрески и интересни камени статуи. Летната палата била омилено место на царевите, каде што наоѓале спокојство и засолниште од жештината, а сега на посетителите им нуди искуство на царската елеганција. Ноќевање.

  • 23. Април (Четврток) ПЕКИНГ – СИАН

Појадок. Трансфер до железничката станица и превоз со брз воз до Сиан. Сиан е поранешен главен град во кој почнувала историјата на многу династии – Џоу, Чин, Хан, Суи и Танг, кои ја обликуваа историјата на Кина. Трансфер до хотелот и сместување. Во времето на династијата Хан, градот станал центар на Патот на свилата. Секоја од овие династии оставила значаен белег, правејќи го Сиан историски симбол на кинеската цивилизација. Сиан е дом и на живиот муслимански кварт, каде што ќе го почувствувате автентичниот дух на градот и ќе уживате во раскошните специјалитети на кинеската исламска кујна. Туристите ќе ја посетат и познатата кула со Тапани, историски симбол на градот, каде во текот на денот се уште може да се слушне звукот на традиционалните инструменти кои се користеле за одбележување на времето и важните настани. Ноќевање.

  • 24. Април (Петок) СИАН

Појадок. Сиан најмногу ги првлекува туристите од  од целиот свет поради тоа што во него е откриен мавзолејот на првиот цар Чин Ши Хуангди и неговата Глинена војска. Овој комплекс, со површина од 56 квадратни километри, е еден од најважните археолошки локалитети во светот. Да се стои покрај илјадници глинени војници поттикнува чувство на поврзаност со дамнешни времиња, а пред очите се простира нешто големо и неповторливо. Посетата на Сиан ќе опфати обиколка на пагодата на малата дива гуска, која е ремек-дело на архитектурата на династијата Танг. Тука се наоѓа Големата џамија во Сиан, најстарата џамија во градот која датира од 8 век. Оваа џамија комбинира исламски и кинески архитектонски стилови. Вечерта постои можност гостите да следат спектакуларно шоу, кое преку шарени костуми, танци и музика во најголемиот театар во градот ја раскажува приказната за богатството и сјајот на познатата династија Танг. Сиан е град со богата готварска традиција. Постои можност да се вкусат традиционалните рачно изработени тестенини, кои го отсликуваат автентичниот вкус на градот. Ноќевање.

  • 25. Април (Сабота) СИАН – ШАНГАЈ

Појадок. Организиран трансфер до хотелот во Шангај и сместување. Планирана е посета на Градината YuYuan која е вистинска оаза на спокојството и убавината. Може да се прошета по луксузната шопинг улица Nanjing Road, која е преполна со познати брендови и продавници. Ноќевање.

  • 26. Април (Недела) ШАНГАЈ

Појадок. Храмот на Буда Од Жад, едно од најважните и најпознатите светилишта во Шангај, е дом на импресивна скулптура на Буда направена од непроценлив жад. Во Шангај треба да се доживее возењето со метро, ​​едно од најмодерните во светот. Исто така туристите може да се искачат на  Шангајската кула, втората највисока кула во светот. Препорачливо е да се крстари по реката Хуангпу, која минува низ срцето на Шангај. Ова пловење нуди неверојатен поглед од двете страни на реката, каде што се спојуваат минатото и сегашноста на градот. Незаборавно акробатско шоу ве очекува во Шангај, каде што може да уживате во впечатливите изведби на акробати кои одлично ги усогласуваат своите вештини со драматични ефекти и музика. Познато по својата неверојатна прецизност и страсна енергија, ова шоу дава увид во богатата уметност и традиција на Кина и ќе ви даде можност да ги доживеете врвните кинески акробатски вештини. Со модерна сценографија, извонредно осветлување и неверојатни изведби. Ноќевање.

  • 27. Април (Понеделник) ШАНГАЈ – ZHUJIAJIAO – ШАНГАЈ

Појадок. Посетата на „градчето„ Zhujiajiao значи враќање повеќе од илјада години во минатото на Кина. Го нарекуваат „Воден град„ или „Шангајска Венеција„. Градот е испреплетен со канали и калдрмисани улици поврзании со триесетина камени мостови. Особено доживување е пловидба со брод по каналите. Враќање во Шангај  во вечерите чаови. Ноќевање.

  • 28. Април (Вторник) ШАНГАЈ – ИСТАНБУЛ

Појадок. Во 19 век во Шангај била создадена Француската концесија. Позната по европското архитектонско влијание по авениите со дрвореди и по живата атмосфера, претставувала територија за странци, а денес е една од најшармантните и најпопуларните населби во Шангај. Организиран превоз до аеродромот во Шангај.  Полетување за Истанбул во 22:25 часот.

  • 29. Април (Среда) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбул во 05:25 и полетување за Скопје во 07:25. Пристигнување во Скопје во 07:55 часот.

  • Цената вклучува:
  • Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Пекинг и Шангај–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите
  • – Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата
  • Осум ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација)
  • (Три во Пекинг, Две во Сиан, Три во Шангај)
  • Ручеци во локални ресторани
  • Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Цената не вклучува:
  • Факултативен излет ZHUJIAJIAO 50 Евра
  • Бакшиш за локалните водичи и возачи, вкупно 35 евра
  • Доплата за еднокреветна соба 18.000 денари
  • Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2199 евра (136.350 денари)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници 
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ  
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Leave a Reply