Вила “VANGELIS” – Лептокариjа

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална / 5-то лице во дуплекс апартман со две спални соби

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • –  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *