Вила “ISI Lux” се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет. Структура и распоред на студија: 1/3 студија, брачен и единечен кревет. Студијата се на високо приземје и I-ви кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година и е во сопствен закуп на Т.А.Медитеран. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата доколку има слободен паркинг или на 50м од вилата има паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи /8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7ноќи / 8дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Превозот ги остава патниците пред вилата доколку се патува со минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- – Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
| Автобуски превоз НЕА ПОТИДЕА, според термини од табелата | Патни информации | ||
| Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје – Неа Потидеа (310km) |
| Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h | Скопје – Солун – Неа Модања – Неа Потидеа Автопат (Е75) Трошоци во еден правец: Патерини во Македонија (430ден) Патарини во Грција (2.80€) |
| Скопје: | (пред хотел Континентал) | 05:00h | |
| Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
| Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
| Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h | |
| Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
| Поаѓање од Неа Потидеа: | 15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата или стадионот) | ||
