+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Вила PASALIMANI- Амулиани

На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекрасна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади ,повелете да уживате. Центарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници – супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите рент-а-кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиjани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи , но не заборавајте да ги посетите и плажите: Мегали амос, Св. Ѓорги, Вавос, Елефант бич – источна страна, на западната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич и уште неколку други Божествени убавини.
Вилата „ПАСАЛИМАНИ“ – поглед на море, лоцирана е во центарот на градот Амулијани со прекрасен поглед кон море. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли има клима уред и ТВ и тераса со маса и столици и прекрасен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и WC. Вилата има и безжичен интернет и паркинг јавен што функционира на принципот прво слободно место.

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз
ТерминНоќевањаСтудио 1/3 бр. 1  (максимум 3 лица) поглед на море
29.05.20267179
05.06.20267259
12.06.20267349
19.06.20267439
26.06.20267459
03.07.20267559
10.07.20267599
17.07.20267639
24.07.20267639
31.07.20267639
07.08.20267639
14.08.20267639
21.08.20267609
28.08.20267529
04.09.20267419
11.09.20267249
18.09.20267189
Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со претходно одобрување и доплата од 10 евра од ноќ, може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

СТУДИОТО: ИМА КРПИ И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН!

СПРОТИ ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

СТУДИО БР.1 1/3

3 ЛИЦА
Студиото се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица  и еден поединечен кревет. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред .Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, плотна со две рингли, фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар.Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици и прекрасен поглед на море.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

ПРЕВОЗ

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ :                                                                                     ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
50€ за возрасни – повратна карта;                                                            10€ за возрасни – повратна карта
35 € за деца до 12 години – повратна карта;                                           7 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
ГрадМесто на тргнувањеВреме
КумановоБензинска пумпа Макпетрол22:15 часот наутро
СкопјеСпортска сала Борис Трајковски23:00 часот наутро
ВелесМотел Македонија бенз.Мак.Оил23:30 часот наутро
КочаниОсновен Суд22:15 часот наутро
ШтипНова Пошта23:00 часот наутро
НеготиноБензинска пумпа Макпетрол00:00 часот наутро
ГевгелијаБензинска пумпа Окта-Шимов01:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПрилепБензинска пумпа Лукоил22:30 часот наутро
БитолаСпортска сала22:00 часот наутро

Leave a Reply