Вила “Anna” се наоѓа на само 30м од плажа во центарот на Неа Флогита. Располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба /3+2/, три одделни легла во дневната и брачен кревет во спалната соба или брачен и единечен во дневната и брачен во спалната соба. Апартманите се со одличен квалитет на сместување и голем комфорт. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, големи-просторни тераси со поглед напред кон шеталиштето пред плажа, масичка со столчиња, тенда за сонце, телевизор, гардеробер, клима и интернет – бесплатни.
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална /2+2/ и /3+2/-БЕСПЛАТНО;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то – 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Превозот ги остава/зема патниците на 100м од вилата;
- – Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
- Email
info@meriontravel.com.mk - Phone
+389 77 608 888 - Address
Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово