Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, каде на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања и всушност тоа е единствено турско купатило во Србија, каде се снимени и сцени од филмот “Зона Замфирова”. Температурата на водата во термалното купатило е 43 степени. Сокобања е првата еколошка општина во Србија. Се наоѓа во Сокобањската котлина, опкружена со 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400м на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Прв ден – 06.12.2025
Собир на групата во 04.00 часот од пред Спортска сала Битола. Патот води преку Табановце со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови. Сместување во комплекс Зелени Грaд 3*. Слободно време за индивидуални активности, користење на спа центарот (базен, сауна, џакузи), или за индивидуални прошетки во центарот на Соко Бања како и можност за користење на Турското купатило – Амам, каде температурата на водата во термалното купатило е 43 степени. Услуги кои ги нуди амамот се: Термални купки, масажи, природна инхалација, ароматерапија.. Амамот е со работно време од 07 до 22 часот.
Вечера. Ноќевање.
Втор ден – 07.12.2025
Појадок. Слободно време за одмор или релаксација во спа центарот на хотелот ( базен, сауна, џакузи, парна бања, солена соба) или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот Соко Терме располага со три базени (два внатрешни и еден надворешен базен). Хотелот е изграден во грчко-римски стил кој ќе ве врати низ вековите со својот изглед и стил. Хотелот располага со ресторан каде може да си нарачате ручек или кафе. За сите гости кои сакат подобрување на квалитетот на здравјето и животот и општата состојба на духот и телото хотелот има базен со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃ кој работи во текот на целата година, а покрај тоа хотелот овозможува и многубројни содржини како :
- финска сауна, парна бања, турска бања, солена соба, џакузи.
- физиотерапевски блок ( повеќе видови на масажи- релакс, арома, спортска, тајландска, турска итн. )
Вечера. Ноќевање.
Трет ден – 08.12.2025
Појадок. По појадокот, се одјавуваме од хотелот. Поаѓање према Манастир Роман. Манастирот е посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многу бројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти. Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати гопосетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“ Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, ,кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Каренина”.
По посетата на манстирот, поаѓање за Врање и слободно време за шопинг во Трговски центар Зона (LIDL, NEW YORKER, JYSK, INTERSPORT, GIGATRON, PEPCO, DEXY CO KIDS, FEEDBACK, SPORT VISION и други). Во договорено време со водичот поаѓање за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.11 / 149 еу или 9238 денари
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 еу или 9858 денари
Доплата за еднокреветна соба + 50 ЕУ
Деца од 0-2 год бесплатно
Деца од 2 – 10 години – 20% попуст од цената
Во цената е вклучено:
– 2 ноќевања со појадок и вечера во во х.Зелени Град 3* или Конак или Променада( комплекс хотели Натали Спа) во Соко бања
– превоз од Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово
– туристички пратител за време на патувањето
– користење на спа центарот во хотелот(базен,сауна,џакузи,солена соба)
– посета на Манастир Роман
– посета на Трговски центар Зона во Врање
– организација на патувањето
Во цената не е вклучено:
туристичка такса 100 денари по ден по лице
влезница во Амам,
влезница во Соко терме,
патничко осигурување,
Напомена!!!
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- СЕЛЕКЦИЈА НА СЕДИШТЕ ИЛИ ДОПЛАТА ЗА СЕДИШТЕ НАПРЕД + 10 ЕУ по лице
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.