+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Хрватска ( ИСТРА) за 23 Октомври

ТЕРМИН: 22.10. – 26.10.2025

Можеби веќе сте гледале понуди за 23ти Октомври и не можете да се одлучите каде да одите. А штом сте стигнале до оваа програма, тука треба да се задржите и да се одлучите.
Нашата тура за 23ти Октомври е тура што за 4 дена ќе посетите 7 градови и тоа во 3 држави (Италија, Словенија и Хрватска). Сигурно се запрашувате кои се тие градови и каде се престојува?
За патување се резервира на време, не 5 до 12 😊. Во продолжение програмата…

РЕДОВНА ЦЕНА: 259 € / 16.060 мкд
 ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10.10.: 229 € / 14.200 мкд

ПРВ ДЕН – 22.10.2025 (СРЕДА) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч.Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.

ВТОР ДЕН – 23.10.2025 (ЧЕТВРТОК) ЗАГРЕБ – ЊИВИЦЕ
Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб. Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуална прошетка. Заминување кон Крк. Сместување во хотел со 3* на островот Крк во туристичкото место Njivice.

ТРЕТ ДЕН – 24.10.2025 (ПЕТОК) РОВИЊ – ПУЛА – ОПАТИЈА – ЊИВИЦЕ
Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на, Ровињ кој е неверојатен, крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градби во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Последно место за посета е Опатија. Опатија e шармантен крајбрежен град со богата историја и култура, има многу фантастични локации, импресивни споменици и добро уредени паркови. Она што мора да се види во Опатија е дефинитивно историскиот центар на градот, улицата Слатина. Оваа улица е секогаш многу жива бидејќи мотото е: види и биди виден. Шетајќи по живото шеталиште ќе откриете некои од највеличествените градби од царскиот период и ќе уживате во извонреден избор на ресторани, кафулиња и сувенирници. Една од најинтересните атракции во Опатија е WalkofFame или патеката на славните која се наоѓа токму во центарот на градот и е дел од прекрасното шеталиште. Создадена во 2015 година оваа улица личи на познатата улица на славните во Л.А. Во моментов на оваа маѓепсана улица има 32 мермерни ѕвезди, кои во секој случај не треба да се пропуштат при посетата на Опатија. Слободно време за индивидуален разглед. Заминување кон хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТТИ ДЕН – 25.10.2025 (САБОТА) ТРСТ – ПИРАН – РИЈЕКА
Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст). Можеби нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità d’Italia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Пиран. Пиран е најубавиот град на словенечкото крајбрежје. Стариот пристанишен град со остатоци од средновековен ѕид е заштитен како културно-историски споменик. Тесните улички со тесно изградени куќи кои се спуштаат од ридот и неговата црква до централниот плоштад на брегот само го нагласуваат неговиот медитерански карактер. Овој светски крајбрежен град, кој се разви под влијание на Венеција и се смета за еден од најавтентичните и најфотогеничните градови на јадранскиот брег. Пиран не смеете да го одложите на оваа екскурзија. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за индивидуални активности. Градот е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 26.10.2025 (НЕДЕЛА) КРК – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјава и заминување кон Крк. Историскиот стар град Крк (главен град на островот Крк) кој е вистински лавиринт од камени улички и  живописни плоштади што датираат од среден век. Тука можете да уживате во некој од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век.Слободно време за прошетка. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.Понеделник 27.10

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз 
– 3 ноќевања во хотел со 3* на островот Крк со појадок
– Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
– Туристички придружник зња време на целото патување
– Организиран превоз Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Посета на Ровињ,Пула и Опатија разглед со локален водич- 50 евра од лице
– Посета на Трст (Италија),Пиран(Словенија) и градот Крк на островот Крк – разглед на градовите со локален водич- 60 евра
– International пакет (посета на Пула, Ровињ, Опатија, Трст, градот Крк и Пиран) 90 евра од лице- (20 евра заштеда)- сите факултативи
– Туристичка такса од лице 10 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
– Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 90 евра за трите ноќевања

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
– Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)

Leave a Reply