TIVAT БУДВА ЦРНА ГОРА

🚌 автобуски превоз

Лето Тиват 2025

ИСКОРИСТЕТЕ ПОПУСТ ДО 50 ЕВРА(12%ПОПУСТ) ОД ЛИЦЕ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА!
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА Е ПОТРЕБНО УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА
ОСТАТОКОТ ГО ДОПЛАЌАТЕ НАЈДОЦНА ДО 01.07.2025
ПОПУСТОТ ВАЖИ ДО 28.02

За лето 2025 ви нудиме нешто поразлично. Ако сте турист што сака времето да го помине што е можно повеќе надвор од сместувањето и сместувањето да го користи БУКВАЛНО за да преноќи и туширање тогаш сте на право место.
Доколку сте личност што сака да истражува, да посетува различни места, градови, плажи, да оди на крстарење на овој активен одмор нема време кога да ви биде здодевно, бидејќи агендата е целосно пополнета, а за 8 дена тоа што ќе го видите и истражите е повеќе од доволно. Нашите понуди се со 7 ноќевања на база појадок и вечера, а хотелот е со базен и на сама плажа. Скролајте надолу да прочитате повеќе за програмата и сместувањето.

Хотел Камелија со 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват.
Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг,ресторан, 2 базени со лежалки, бар кој е наменет за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата а цената на лежалките ќе ја објавиме во месец мај). Хотелот располага со ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, отворен базен за деца и возрасни, игралишта за кошарка, тенис и одбојка.

Во однос на собите за две лица кои се со брачен или два единечни кревети а поголем дел од собите кои што се со два единечни кревети немат можност креветите да се спојат еден до друг. Собите се со сопствен тоалет, клима уред и фрижидер. Во собите нема мини кујна.

Термини1/2 студио со брачен кревет1/2 студио со единечни кревети
22.07.29.07.2025409€ 359€379€ 329€
29.07-05.08.2025429€ 379€389€ 349€
05.08-12.08.2025429€ 379€389€ 349€

Поаѓањето е во утринските часови oколу 03:00ч на денот на започнување на одморот. Цените се изразени од лице со вклуен превоз, 7 ноќевања на база појадок и вечера

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз
*Имаме организиран превоз од: Кочани, Штип, Велес (доколку има патници) и Скопје
– 7 ноќевања во Хотел Камелија на база појадок и вечера
–Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
-Лежалки на базен

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Факултативни излети
– Туристичка такса 10, 5 евра за целиот престој од лице
-Посета на плажата ,,Plavi Horizonti’’- 20 евра
-Посета на плажата ,,Jaz’’- 25 евра
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич- 40 евра
-Вечерна посета на Будва- 15 eвра
-Посета на плажата Плоче- 20 евра
-Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст- 45 евра
ЈАДРАН ПАКЕТ- 90 евра (5 екскурзии)- заштеда 30 евра
-Посета на плажата плави хоризонти
-Посета на плажата ,,Jazz”
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич
-Вечерна посета на Будва
-Посета на плажата Плоче

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

ПРВ ДЕН

Влезот во собите е по 14:00ч.Сместување и одмор на локалната плажа. Вечера и запознавање на групата заедничка дружба во дворот на хотелот. Ноќевање.

OД ВТОР ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСКУРЗИИ

Плажата Плави Хоризонти.

Плажата Плави Хоризонти, која се наоѓа на полуостровот Луштица e 300 метри покриена со извонреден златен песок и сместена среде живописната борова шума со маслинови дрвја.
Плажата нуди низа рекреативни активности, вклучувајќи одбојка на плажа, тенис и кошарка. Дополнително, на лице место има ресторан кој нуди врвна услуга. Оваа плажа е со плаво знаме.

Разглед на Котор и крстарење по Бока Которска, островот Gospla od Skrpjela и Пераст
Појадок и после појадокот одиме на целодневна екскурзија. Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которскаостровот Gospa od Skprelja и Пераст.

Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот следува крстарење.

Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква, храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капел.а Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. 
По ,,Gospa od Skrpelja’’, поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваа нашето патување по заливите Тиват и Херцег Нови. Оваа турнеја ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Потоа следи кратка посета на старите подморнички бази. На крајот од патувањето се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно само со брод, е познато по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата. Крстарењето трае околу 3 часа.

Посета на плажата ,,Jaz”

Оваа плажа е живописен дел од крајбрежјето во Црна Гора што се протега приближно 1,5 км и е поделено на три различни делови. Првиот, Jaz I , најблиску до Будва, е украсен со големи камења и камчиња, создавајќи уникатен пејзаж кој ги привлекува оние кои ја ценат природната убавина. Продолжувајќи понатаму, Jaz II може да се пофали со мешавина од мали камчиња и песок, што нуди различна текстура под нозете. Најзатскриениот дел, сместен надвор од разбрануваната река што го следи работ на плажата, има брег прекриен со фин, златен песок. На оваа плажа се организирале многу концерти како на Мадона, Дино Мерлин, Ролингстонс. Ден за одмор, уживање и водени лудории.

Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич

Појадок и потоа се упатуваме на целодневна екскурзија во Дубровник кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.

Посета на плажата Плоче
Полудневна екскурзија до плажата ,,Плоче’’ која се наоѓа на брегот на Јадранското Море, во непосредна близина на Будва. Плажата има површина од 10.000 м2. За љубителите на убавото време има и коктел бар каде секојдневно се одржуваат настапи на различни диџеи а овде се одржуваат најдобрите журки во Будва.

Вечерна посета на Будва


Ден 8

Напуштање на собите и слободно време до договорениот термин за тргнување назад. Собите се напуштаат во 09:00ч. Поаѓањето за Македонија е во 14:00ч. Пристигнување во вечерните часови

Leave a Reply