ТЕРМИН: 23.10. – 25.10.2025
Темишвар е трет по големина град во Романија кој во 2023 бил прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Со архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој Ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.
На оваа екскурзија се посетува и градот Белград, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 € / 9.858 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.09: 139 € / 8.618 мкд
ПРВ ДЕН – 22.10.2025 (СРЕДА) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 22:00ч. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.
ВТОР ДЕН – 23.10.2025 (ЧЕТВРТОК) ТЕМИШВАР
Пристигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобoдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одмор. Факултативна прошетка низ центарот на Темишвар. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 24.10.2025 (ПЕТОК) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади, еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетите огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од “Јамата”, која што е поврзана со една народна легенда. Оттука заминување кон Сибиу. Градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарско-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да внесат страв. Во Сибиу групата ќе има слободно време за истражување на градот. Враќање во хотел.Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 25.10.2025 (САБОТА) ТЕМИШВАР – БАЊИ – СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи-Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресоран, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа .Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.
Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Разглед на Темишвар со локален водич
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организиран превоз Кочани, Штип и Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Пакет – Посета на Сибиу и закомокот Корвин со вклучена влезница 60/55 евра, за студенти со приложување на индекс
– Туристичка такса задолжителна доплата 5 евра од човек за двете вечери
– Патничко осигурување
– За деца до 2.99 – 50 евра за превоз гратис сместување доколку е во придружба со двајца родители. Не користи легло
– За деца од 3 до 11,99 добиваат попуст само на факултативи плаќаат целосен аранжман
– Посета на Термалните бањи Амазониа превоз и влезница – 40 евра
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра (за двете ноќевања)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Деца до 2.99г. во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
– Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра (за две ноќевања)
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.