Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” под главиот пат и пругата во центар на Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија, апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла и се наоѓаат на високо приземје и први кат, во трокреветните има еден брачен и еден единечен кревет на први кат, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, и еден брачен и еден единечен во кујната. Овој апартман се наоѓа на високо приземје, додека во дуплекс апартманот со две одделни спални соби има три единечни во едната спална и две единечни во другата спална и дневна со кујна. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет и прекрасно уредени двор со парк кој ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- Email
info@meriontravel.com.mk - Phone
+389 77 608 888 - Address
Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово