Вила “BLUE DREAM” – Калитеа

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 150m од вилата).
  • –  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply