Термин: 05.12.2025 – 09.12.2025
Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеа подеми и падови како неколку други мегаполи во светот. За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги постави темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога се споменува Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признаен како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина. Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство. За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 Во продолжение програмата…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € / 11.720 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.10: 159 € /9.860 мкд
05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 20:00 часот. Поаѓање за Атина во 20:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
06.12.2025 (САБОТА) АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кои потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По завршување на разгледот сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта можност за заедничка прошетка. Ноќевање.
07.12.2025 (НЕДЕЛА) АТИНА – ПЕЛЕПОНЕЗ
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…
Вечерта слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ
После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.12.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз
– 2 ноќевања со појадок во хотелско сместување со 3* во центарот на Атина
– Панорамски разглед на градот
– Туристички придружник од агенција
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45€ *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 20€ и Микена 20€)
-Посета на Пиреја и Сунион- 30€
-Влезница за Акропол со локален водич- 40€
-Туристичка такса- 5€ од лице
-Индивидуални трошоци
-Доплата за сингл соба 60€ за две вечери
-Патничко осигурување- (200 мкд)
-Пакет – (Пелепонез, Пиреја, Сунион и Акропол)- 115€
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.