1 ден 07.09.2024 ( Сабота ) Скопје/Штип- Банско
Поаѓање за Банско во 06.30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 07:30 од Штип, паркингот пред Новата пошта. Дневно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотел Zara 4*. Слободно време за уживање во СПА центарот или индивидуална прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
2 ден 08.09.2024 ( недела ) Банско
Појадок. Слободен ден, предвиден за одмор, рекреација, користење на СПА Центар и содржините кои ги нуди хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 09.09.2024( Понеделник ) Банско – Штип/ Скопје
Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Враќање за Македонија. Попатна прошетка во Благоевград. Попатна посета на МЕТРО. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.
цена: 7.950,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Zara 4*
- Посета на МЕТРО
- Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
- Дете до 3,99 бесплатно
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
- патничко осигурување– 150 денари (задолжително)
Доплати
- Доплата за едноспален апартман- 20 евра по лице
- Дете до 3,99 бесплатно
- Дете од 4- 11,99 години во едноспален апартман (2+1)- 119 евра
***ЗАБЕЛЕШКА: ЦЕНАТА Е ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРД СОБА (2+0) ПО ЛИЦЕ
Општи напомени :
– Ние го задржуваме правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.