Загреб – Љубљана – Блед – Бохињ

0
Цена
Почнуваќи од€159
Цена
Почнуваќи од€159
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

156


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

Програма

( 4 дена, 2 ноќевања )

Прв ден 07.03.2019 четврток  Скопје – Куманово – Загреб

Состанок на група во 16:30 во Скопје, тргнување во 17:00 и попатно преземање на патници од Куманово во 17:30 на претходно договорените локации. Ноќно возење. Се патува преку ГП Табановце и ГП Батровци  до  Загреб  со  попатни паузи и царински формалности.

Втор ден 08.03.2019 петок  Загреб

Пристигнување во Загреб во раните претпладневни часови. Кратка пауза. Разгледот на Загреб со локален лиценциран туристички водич ќе започне со прошетка на  најстарите делови на градот – Горниот град и Каптол, катедралата на Пресвета Богородица, Пазарот на Долац, Камената порта, Црквата Св. Марк, Лоратачечката кула, Градското собрание во прекрасната палата на првиот Загребски театар, следи посета на  Долниот дел на градот кој е изграден кон крајот на 19ти и почеток на 20ти век под влијание на архитектурата од Австроунгарија со прекрасниот Хрватски народен театар, величенствените паркови (се издвојува Зрињевац како еден од најголемите и најпопуларните паркови) и барокни згради. По разгледот следи пауза за ручек. Сместувње во хотел Лагуна (  https://hotel-laguna.hr/ ). Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

Трет ден 09.03.2019 сабота  Загреб – Љубљана – Блед

Појадок. Одјавување од хотелот и тргнување за Љубљана . Пристигање во Љубљана околу пладне и разглед на градот со локален лиценциран туристички водич. Во двочасовниот разглед се посетува Конгресниот плоштад ( Универзитетот, Филхармонискиот оркестар, Кастел поглед ), Крижанки ( Градски музеј и Францускиот плоштад ), Шуштарски мост (Стар мост), Стариот пазар, Месни град со градската сала, Катедралата, Пазарот со мостот Змеј и конечно плоштадот Прешерен со Трите моста и Францисканската црква. Следи индивидуална пауза за ручек, слободни активности и прошетка. Во попладневните часови тргнување за Блед и сместување во хотелот “ Парк 4*” ( https://www.sava-hotels-resorts.com/hr/sava-hoteli-bled/smjestaj/hotel-park ) . Хотелот нуди можност за одмор и бесплатно користење на WellnessZiva термален базенски  комплекс до 22:00 часот. Ноќевање.

Четврти ден 10.03.2019 недела  Блед – Бохињ – Македонија

Појадок. Одјавување од хотелот. Разглед на Блед и Бохињ со туристички водич и можност за факултативни посети на Жичара Вогел, замокот и островото на Блед и др. Пауза за индивидуални прошетки и ручек . Тргнување за Македонија во попладневните часови со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 11.03.2019 понелник.

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ : 159  евра

(9.860,00 денари)

можност за плаќање на рати до пред тргнување

Во цената е вклучено :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Водство, организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
  • 1 ноќевање со појадок во https://hotel-laguna.hr/ хотел Лагуна – Загреб
  • 1 ноќевање со појадок во https://www.sava-hotels-resorts.com/hr/sava-hoteli-bled/smjestaj/hotel-park хотел Парк – Блед
  • Разглед на Загреб, Љубљана, Блед и Бохињ со локални лиценцирани туристички водичи
  • Туристичка такса за Хрватска и Словенија ( 7 евра по лице)

Во  цената НЕ е вклучено :

  • Факултативна посета на Жичара Вогел /наша препорака/ 19 евра
  • Факултативна посета на Замок на Блед 10 евра
  • Факултативна посета на острово на Блед 6 евра
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Влезници за културно – историски споменици
  • Други неспомнати услуги

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребен е минимален број од 40 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на измена на цената или аранжманот да го сторнира, со известување на патниците минимум 7 дена пред датата на поаѓање, со што агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патниците.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • За ова патување важат Општите услови за патување во согласност со Законот затуристичка дејност и Законот за облигациони односи на Република Македонија.

Аранжманот може да претрпи промени во зависност од условите.

Слики