Санторини – ИОС

0
Цена
Почнуваќи од€239
Цена
Почнуваќи од€239
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

97


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

(25.04-01.05.2019 – 4 ноќевања со појадок)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

239€/14.820 ден.

 1 ден – 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање во 16:30 часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија. Ноќно возење према Атина/Пиреа со попатни паузи и царински формалности.

 2 ден – 26.04.2019 (петок) САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот по локално време, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини околу 15.00часот. Трансфер од пристаниште до хотел во Камари или Периса (познати турискички места на Санторини). Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови, околу 19:30часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 27.04.2019 (сабота) САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот, околу 10:00 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири (за сите оние кои што имаат желба да влезат во музејот во Акротири, индивидуално се доплаќа влезница по цена на чинење на каса), црвената плажа попозната како RED BEACH, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на градчето/општина OIA каде ќе имаме време и можност за индивидуална прошетка во најмонденскиот дел од Санторини и ќе бидеме сведоци на најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари или Периса, време за одмор, индивидуални активности или прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови.Ноќевање.

4 ден – 28.04.2019 (недела) САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот околу 09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност индивидуално по ваша желба и своја режија да се возите со жичара до Фира, од каде индивидуално ќе треба да се вратите во хотел. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 2,5 еур. при самиот влез, од каде се гледаат сите седум кратери. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото на Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA и Фира се до старото пристаниште каде е и жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за Велигденски ручек (индивидуално во договор со групата предлагаме заедно дружење и ручек во локаните таверни каде традиционално се спрема јагне на жар, далеку познатите кукуреци на жар и традиционална за овој ден јагнешка чорба – ,,Магирица’’, се разбира и голем избор на риба и морска храна). Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден – 29.04.2019 (понеделник) САНТОРИНИ – ИОС

Појадок. Ден за слободни активности, индивидуални прошетки, плажа и сончање. Посета на кафетерии, локални таверни. Со еден збор кажано уживање по Ваша желба, или предлог од агенцијата факултативна посета на островот Иос кој што се наоѓа на само 2 часа. пловење со брод од Санторини и има површина од 108км², должина 17км², и ширина 7,5км². Еден од попопуларните Киклатски острови заради бурниот ноќен живот и преубавите плажи. Како и островот Санторини така и островот Иос и сите останати Киклатски острови има медитеранска клима. Центарот на сите случувања е главниот град Хора и истиот плени со својата убавина и својата историја во комбинација со модерниот начин на живеење и луди журки и забави, со тоа целосно го оправдува името ,,Грчка Ибица’’. На островот Иос има голем број на плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е една од најубавите плажи на Егејското море. Постојат многу плажи на Иос, за кои ќе помислите дека сте го доживеале рајот на земјата. Тие се покриени со прашкаст бел песок, кој се прелева во кристално сино море. Најпопуларни плажи се : Mylopotas, Manganari, Jialos, Koubaras, Agia Teodot. Има и многу нешта кои што можат само да се видат на островот Иос, кои со пишани зборови тешко се пренесуваат, токму затоа ви препорачуваме да го посетиме овој остров каде ќе имате можност да го доживеете, а потоа многу лесно и вие да го прераскажете. По разгледот и посетата на островот Иос, на истиот ќе имаме можност и време за слободни активности, индивидуален ручек во некоја од традиционалните локални таверни покрај море, време за прошетка по скалестите и тесните улички на Хора и во вечерните часови повторно со брод пловење према Санторини, пристигнување на пристаниште Атињос, трансфер до хотел.Ноќевање.

6 ден – 30.04.2019 (вторник) САНТОРИНИ-СКОПЈЕ

Појадок. Напуштaње на собите околу 11:00 часот. Околу 12:30 часот се упатуваме на факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Дневно/Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:00часот по локално време. Ноќно возење према Скопје и присигнување наредниот ден 01.05.2019 во раните утрински часови.

Во цената на аражманот е вклучено :

  • Превоз со високо туристички автобус (кој е на располагање и на Санторини)
  • Четири ноќевања со појадок во Камари или Периса, хотел 3* или 2*
  • Бродска карта , Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој.
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410ден.
  • Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
  • Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со родители, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060ден.
  • Второ дете до 12 години, плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.
  • Вечерна посета на селото Пиргос (превоз и водич ) – 10€
  • Целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус+водич, 3ти ден по програмата) – 35€
  • Целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, ден 4ти по програмата)-35€
  • Целодневна екскурзија на островот Иос (трансфер, хотел-пристаниште-хотел, бродска карта Санторнини-Иос-Санторни, локален водич на островот, разглед на островот, трансфер на островот) – 75€
  • Посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино, 6ти ден по програмата) – 18€
  • Вегигденски ручек, Камари/Периса индивидуално по желба на патниците
  • Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )
  • Задолжително здравствено патничко осигурување
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Индивидуални трошоци

Напомена :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Хотелите се со 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 15 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС
  • Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Санторини-Скопје:

  • Превоз со високотуристички автобус 99€/6.140 денари
  • Бродски билет 80€/4960 денари

Доплата за :

  • Авионски седишта 25€/1.550 денарипо правец
  • Бизнис класа 35€/2.170 денарипо правец
  • Кабина за спиење 89€/5.520 денарипо правец

Информација за патници со сопствен превоз:

  • Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
  • Бродски превоз по лице 40€/2.480 денари по правец (економска класа)
Слики