Краков

0
Цена
Почнуваќи од€169
Цена
Почнуваќи од€169
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

53


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Унгарија…  Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2019 КРАКОВ

Пристигнување во Краков  во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич. Стариот дел, срцето на Краков, кралскиот дворец, катедралата, дворецот Вавел (без влезници), изграден во времето на владеењето на Казимир III Велики (1330-1370), централниот плоштад, готската црква Св. Марија, Еврејскиот кварт Казимерц, Флоријанската улица.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 КРАКОВ  ВЕЛИЧКА

Појадок. Предлагаме факултативен излет рудникот за сол Величка… неверојатно импресивен свет под земја… солени езера, подземни  простории и ходници, кралска палата и концертна сала, двете изградени од сол од генерации рудари. Рудникот е стар околу 700 години, има 9 нивоа, а туристите можат да го посетат третото ниво кое е на 13 метри под земја… Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на   Аушвиц и Биркенау, најголемиот и најзлогласниот логор на нацистичка  Германија.  (денес спомен музеј под заштита на УНЕСКО), комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 10.03.2019 КРАКОВ – ПЛОШТАД Bohaterow Getta – ШИНДЛЕРОВА ФАБРИКА 

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка по плоштадот  Bohaterow Getta, плоштад на кој во 1941 год. се заробени Евреите и од тука пратени во логор. Денес на овој плоштад се поставени 70 метални столици во знак на сеќавање на жртвите. Потоа можност за фдакултативна посета на Шиндлеровата фабрика – музеј, во кој е претставен животот на Евреите од Краков, пред и за време на војната.  Поаѓање за Скопје .  Денско и ноќно возење.

6 ден 11.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 169€/ 10.480 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/ 11.720 ден

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Краков (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 5€
  • Разглед на Краков со локален водич (10€)
  • Факултативен излет рудник за сол Величка (35€)
  • Посета на национален ресторан со вечера (€)
  • Факултативна посета на Аушвиц (35€)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Слики