Копаоник

0
Цена
Почнуваќи од€105
Цена
Почнуваќи од€105
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

124


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

ГАЛА ВЕЧЕРА СО МУЗИКА

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќевања

 

08. Март (Петок) СКОПЈЕ – КОПАОНИК

Состанок со групата на паркингот пред хотел „Вип“ во рани утрински часови заминување кон Копаоник. Патувањето продолжува со попатни паузи за одмор и други царински формалности. Пристигнување во Копаоник сместување во  xотел. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

09. Март (Сабота) КОПАОНИК

Појадок. По појадокот заминување кон скијачките центри на Копаоник и запознавање со нивните убавини, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Слободни активности. Гала вечера. Ноќевање.

10. Март (Недела) КОПАОНИК-НИШ-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот заминување за Македонија, попатна посета на шопинг центар “МЕРКАТОР-Ниш” . Во вечерните часови пристигнување во Македонија.

За уплата до 15 Јануари90(5.580 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 105€ (6.510 денари)

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во хотел со 3* во населба БРЗАЧЕ на база 2 полупансиони (појадок и вечера)
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • 1 свечена вечера со музика во живо
  • Пратител за време на целото патување

 ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Индивидуални екскурзии и дополнителни барања и трошоци
  • Доплата за 1/1 соба
  • Патничко Осигурување
  • Туристичка такса 2€ по лице (еднократно) се наплаќа при резервација
  • СПА Центарот се наплаќа според услуги по редовен ценовник

  

Важни напомени:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

-За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот

-За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

Патничко и здравствено осигурување:

Мерион Травел препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза) и при патување со авион да направат долата за доцнење на багаж.

 Општи напомени за патување:

Мерион Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

*Откажување на аражманот од страна на организаторот на патување е 7 дена пред наведениот термин на патување.

Слики