Јордан

0
Цена
Почнуваќи од€1,199
Цена
Почнуваќи од€1,199
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

98


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

 

ГОЛЕМА ТУРА НИЗ ЈОРДАН

Авио билет + хотели со 3* + полупансион + водич + организирани тури (Аман, Ум Каис, Аџлун, Џераш, Мадаба, планината Небо, Термалните извори, Мртво Море, Петра имала Петра, Вади Рум со џип тура од 2 часа низ пустината, Акаба (Amman, Umm Qais, Ajloun, Jerash, Madaba, mount  Nebo, Main Hot Springs, Dead Sea, Petra, Little Petra, Wadi Rum,  Aqaba)

 

ПЕТРА & ЈОРДАН – Повеќе од чудо
7 ДЕНА / 5 НОЌИ

Термин 05-ти Март – 11-ти Март 2019 со Turkish Airlines

 

ЈОРДАН со официјален назив Хашемитско Кралство Јордан со векови ги воодушевува посетителите со своите градови, пустинските пејзажи кои инспирираат и локалитети под заштита на светско културно наследство. Ова е авантура која ке ве одведе до драматичен црвен песок на југ, карпести рамници со вулкански базалт на исток, брда со маслинови стебла на север па се до најниската точка на Земјата – Мртво Море.

Прв ден 05.03.2019 Скопје – Истанбул – Аман – Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред полетување. Летот на Turkish Airlines е во 20:40 со меѓуслетување во Истанбул во 00:20 (на 06-ти Март) и следен лет према Аман во 01:40 ч. Пристигнување во Аман во 03:05 ч. по локално време на аеродромот Queen Alia International Airport.

Втор ден 06.03.2019 Аман – По слетувањето, ке нé пречека претставник од локалната партнерска агенција со организиран трансфер до хотелот. Рано влегување во хотелот, појадок, пауза за освежување и одмор. Следува разглед на главниот град на Јордан со водич. Ке поминеме низ стариот и новиот дел за да ја добиеме вистинската слика на градот. Аман е космополит, град на брда од кои најпознато е Jabel el Qalaa, местото на Цитаделата, Римскиот храм, градскиот музеј… По разгледот, се враќаме во хотел. Вечера. Ноќевање.

Трет ден 07.03.2019 Ум Каис – Аџлун – Џераш – Појадок. Заминуваме кон градот сместен на брдо – Ум Каис. Овој град некогаш бил познат како Гадара, најважен древен грчко-римски град. Според Библијата, овде се случило чудото кога Исус ги излечил двајцата луѓе болни од лудило со тоа што ги фрлил нивните демони меѓу стадо свињи. Градот го достигнал својот врв во 2-ри век кога биле направени улициколонади, храмови, јавни купатила… Денес сеуште се чувствува стариот шарм на градот. Остатоци од Римски театри се забележуваат насекаде во градот како и рушевини од храмот Нимфа, комплекс купатила и добро зачуван римски мавзолеј. Ваквите градски населби со тек на времето растеле и настанала држава Декаполис т.е. Десетградие – заеднички назив за група од десет градови на источната граница на Римското Царство. Меѓу овие градови е и Аџлун, градот познат по истоимениот дворец кој е прекрасно сочувана туристичка атракција. Кули, галерии, скалила и други структури го чинат овој град заедно со пејсажот што го опкружува. Третиот град за посета е Џераш, сместен во мирна долина, го претставува величествениот Рим надвор од границите на Италија. Се до денес зачувани се Адријановата арка, хиподромот, храмови на Зевс и Артемида, овалниот Форум, столбови, фонтани, градски ѕидини прошарани со кули и капии. Попладне враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден 08.03.2019 Мадаба – Планината Небо – Топлите извори – Мртво Море – По појадокот се одјавуваме од хотел и заминуваме до Мадаба (40 км) – градот на мозаиците. Речиси под секоја куќа во Мадаба лежи по некој убав примерок од византиски мозаик настанат во период од 5ти до 7ми век. Многу од нив се ископани и изложени во градскиот музеј а се верува дека уште многу такви лежат скриени под земјата. Еден од најубавите мозаици датира од 6-ти век и сместен во Грчката Православна катедрала Св.Јуре каде е прикажана целата регија на Јордан и Палестина се до Египет. Патувањето го продолжуваме до планината Небо – местото каде почива пророкот Мојсие и од каде се пружа прекрасен поглед кон долината на реката Јордан, Мртво Море а на ведро време погледот ке стигне до крововите на Ерусалим.Ке го видиме споменикот на Мојсие кој се смета за центар на аџилакот во раните христијански денови. Инспирирани со библиски чувства, продолжуваме кон Main Hot Springs (Hammamet Main). Ова место е познато по термоминералните извори и водопадите, на 264 м под нивото на морето. Римјаните доаѓале тука за да уживаат и да се опуштат во терапиското дејство на оваа лековита вода. Сместување во хотел на Мртво Море – најниската точка на Земјата. Слободно “легнете“ си на површината на водата со својата омилена книга во раце и релаксирајте се – единствено искуство што го пружа Мртвото море заради 5 пати поголемата количина сол која ја содржи во своите води. Вечера. Ноќевање.

Петти ден 09.03.2019 Мртво Море – Петра – Мала Петра–Вади Рум – По појадокот одјавување од хотел и заминуваме кон најубавиот град во Јордан, Петра. Вистинско богатство од антички свет скриено помеѓу планини и опкружено со прекрасни пејзажи, Петра е најголемата знаменитост на Јордан. Црвеникавиот град бил древна престолнина на Набатејското Царство, исклесан во камените карпи пред 2000 години. Петра е едно од 7-те нови светски чуда кое привлекува патници од цел свет.Главниот влез во Петра е драматичен и возбудлив, долг 1 км, декориран со природни скулптури а целиот комплекс има околу 800 споменици – згради, гробници, купатила, храмови, прикриени капии и улици. Патувањето продолжува кон ‘’Мала Петра’’ или Siq El Berid кој е вистинска минијатурна верзија на Петра. Ова место било дом на богатите трговци, ке бидете воодушевени од неверојатните фасади и храмови а секако најголемата атракција се обоените куќи со сјајни ѕидови. Следува трансфер до пустината Вади Рум позната како ‘’Долина на Месечината’’. Патувањето во Вади Рум е патување во некој друг свет. Ова е еден од најубавите пустински пејзажи на светот украсен со масивни планини кои се издигнуваат од розевиот пустински песок. Денес овде живеат неколку бедуински племиња. Со возбудливо возење со џипови низ пустината ке се впуштиме во незаборавна авантура. Доцна попладне може да уживаме во заоѓањето на сонцето кое ке ве остави без здив. За да го искусиме вистинскиот бедуински живот, ке се сместиме во камп каде ке ја поминеме ноќта. Вечера. Уживање под ѕвездите и покрај бедуинскиот оган. Ноќевање.

Шести ден 10.03.2019 Акаба – По појадокот се одјавуваме од хотелот (кампот) и се упатуваме кон Акаба – нашето последно место од ова патување. Акаба е главното пристаниште на Јордан и негов единствен излез на море. На јужната страна на градот се наоѓа неверојатен корален гребен во кристално чистите морски води и поради тоа Акаба е омилена дестинација на љубителите на нуркањето.По должината на брегот се простираат песочни плажи каде своето место го пронашле бројни хотелски вериги. Ке ја видиме тврдината од 16-ти век и најстарата црква на светот која е постара од Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим и од Црквата на Раѓањето во Витлеем. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Седми ден 11.03.2019 – Во раните утрински часови е обезбеден трансфер до аеродромот во Акаба. Нашиот лет е во 04:05 (локално време) према Истанбул. Поради доцниот лет од Истанбул до Скопје предлагаме индивидуален шопинг во Истанбул. Патувањето продолжува кон Скопје во 20:15, слетување во 19:45 по локално време.

ЦЕНА по лице во двокреветна соба 1.199
Доплата за еднокреветна соба 180

Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1
€ = 61,8 денари

Во цената се вклучени следниве услуги:
– авио билет на горедадената релација
– аеродромски такси кои се во износ од 183 €
– багаж од 40 кг по лице и плус рачен багаж.
– 5 ноќи во хотели со 3* на база полупансион + едно рано влегување во хотел со појадок (2 ноќи во Аман, 1 ноќ на Мртво Море, 1 ноќ во Вади Рум, 1 ноќ во Акаба)
– сите трансфери и прошетки наведени во програмата: Аман, Ум Каис, Аџлун, Џераш, Мадаба, планината Небо, топлите термални извори, Мртво море, Петра и Мала Петра, Вади Рум, кампување подѕвездите во пустината, возење со џипови низ пустината
– влезници во термалните извори како и во катедралата и музејот во Мадаба, влезници во Петра, Мала Петра и Вади Рум
– професионален водич за време на целото патување
– претставник од агенција
– влезна виза за Јордан

Во цената не се вклучени следниве услуги:
– бакшиш за возачите, водичите и портирите во хотелите (непишано правило во арапските земји, вредноста на бакшижот е по 10 € од ден)
– патничко и здравствено осигурување (задолжително)
– индивидуални трошоци настанати во текот на патувањето

 

Хотели кои се во понуда:
Аман: http://www.alfanarpalacehotel.com/
Мртво Море: https://www.wyndhamhotels.com/ramada/sweimeh-jordan/ramada-resort-dead-sea/overview
Вади Рум: Dream Camp https://www.facebook.com/Wadi-Rum-Dream-camp-679109125626769/Акаба: http://www.captains-jo.com/home.aspx?s=1&l=1&pg=1

Начин на плаќање: при самото пријавување се уплаќа депозит од 40% од вкупната сума на аранжманот а доплатата е 30 дена пред започнување на турата.

Важни напомени:
при пријавување патникот е должен да достави копија од пасош, во спротивно агенцијата не сноси одговорност за печатење на авио билетите со погрешно име. Агенцијата не гарантира за добивање на виза и не е овластена да потврдува валидност на патен документ. Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на патување поради непредвидени околности (затворање на локалитет, штрајк, гужва во сообраќај, неповолни временски околности…) Патникот е должен да го провери летот два дена пред полетување. Агенцијата не сноси одговорност во случај на промена на саатниците на летовите, а во случај на барање за рефундација важат условите на авиокомпанијата. Описот на сместувачките објекти е од информативен карактер, некои од дополнителните хотелски содржини можат да се користат со доплата (пример: сеф, мини-бар, интернет, клима уред). Програмата е работена на база минимум 15 патници и во случај на недоволен број пријавени патници рокот за отказ на патувањето од страна на организаторот е 7 дена пред почетокот на патувањето.

Рокови за отказ на аранжманот од страна на патникот:
– Над 60 дена пред датумот на патување се задржува износот на депонираниот депозит;
– Помеѓу 60 – от и 20 – от ден пред датумот на патување се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
– Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредност на аранжманот;

Неопходни документи:
– Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање;
– Подготовката на документите за виза ја прави агенцијата

Слики