Будва – Дубровник – Острог

0
Цена
Почнуваќи од€75
Цена
Почнуваќи од€75
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

236


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

26-28.04.2019

ЦЕНА 75€/4.650мкд

1 ден: 25.04.2019 год. Четврток

Состанок на групата во 22:30 часот на Дрво Декор, тргнување во 23 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 26.04.2019 год. Петок

Утринско пристигнување во најлуксузното летувалиште на Јадранот, (можност за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Малку релаксација на оваа плажа. Сместување во вила Монте Рио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.

Можност за попладневна факултативна екскурзија со бродче.

Вечерта препорачуваме посета на некој од ноќните клубови.

Ноќевање.

3 ден: 27.04.2019 год. Сабота

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Game of Thrones“. Денес е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Овој град плени со својата убавина и шарм, вреди да се посети. Враќање во Будва.

Ноќевање.

4 ден: 28.04.2019 год. Недела

Појадок. Одјавување и заминување кон Манастирот Св. Василие Острошки сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– 2 ноќевање со појадок во Вила Рио, Будва

– организација и придружник на патувањето

– посета на Острошкиот манастир

– попатна посетна на Св.Стефан

Во цената на аранжманот Будва не е вклучено:

– Факултативна посета на Дубровник 15€ (доплата на лице место)

– Факултативно возење со бродче10€ (доплата на лице место)

– Туристичка такса во Будва 1,5 € по лице на ден

– Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – 3€ (доплата на лице место)

– Туристичка такса во Манастир Осторг 1€

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

Слики