Азурен Брег

0
Цена
Почнуваќи од€199
Цена
Почнуваќи од€199
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

101


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО   

Состанок на групата во 11:30ч. и поаѓање во 12:00ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2019 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, се упатуваме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer.Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан (90km) . Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 10.03.2019 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 11.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 199€/ 12.340 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219€/ 13.580 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Ница и Монако
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

  

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€
  • Разглед на Милано со локален водич – 10€
  • Посета на Ез, Монако и Монте Карло– 25€
  • Посета на Кан и Сент Тропез – 35€
  • Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице на ден)
  • Туристичка такса во Ница (1€по лице на ден)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз

Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување

Слики