СКИЈАТОС ЛЕТО 2019

0
Цена
Почнуваќи од€129
Цена
Почнуваќи од€129
Запамти во листа на посакувани

Adding item to wishlist requires an account

666


Имате прашања?

Ве молиме контактирајте не за било каква помош, нашиот тим ќе биде среќен да ви одговори

+389 77 608 888
info@meriontravel.com.mk


Зошто да направите резервација преку нас?

  • Загарантирано најдобри цени
  • Грижа за корисниците на нашите услуги
  • Сите дестинации и услуги се внимателно одбрани и организирани од наша страна
  • Огромен број на задоволни клиенти

На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Вила ХАРМОНИ ГАРДЕН – лоцирана во Агиа Параскеви на оддалеченост 100 метри од плажа. Вилата има голем двор со скара, бар и паркинг со ограничен капацитет. Располага со двокреветни студијасо два единечни кревети, сите со комплет опремена кујна, ТВ, бања со туш и фен, клима (вклучена во цена) и Wi-Fi. Студијата се наоѓаат на приземје и на прв спрат.

Вила “НИКОС“ лоцирана во Кукунариес на оддалеченост 5 минути од најпознатите плажи “Кукунариес““Банана биџ“, Агиа Елена. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија, со комплетно опремени кујни, клима, тв, ви-фи, балкон.

 

Ценовник за вила Хармони Гарден и вила Никос:

*Термин  Ноќевања Хармони Гарден   Никос
 1/2 стд    3то лице    Дете до 2-12 год  
31.05.2019  9 129 € 119 € 79 € 59 €
09.06.2019 9 149 € 149 € 89 € 59 €
18.06.2019 9 179 € 179 € 89 € 59 €
27.06.2019 9 199 € 229 € 109 € 59 €
06.07.2019 9 259 € 239 € 109 € 59 €
15.07.2019 9 299 € 269 € 109 € 59 €
24.07.2019 9 319 € 299 € 109 € 59 €
02.08.2019 9 319 € 299 € 109 € 59 €
11.08.2019 9 319 € 299 € 109 € 59 €
20.08.2019 9 259 € 249 € 99 € 59 €
29.08.2019 9 209 € 199 € 89 € 59 €
07.09.2019 9 179 € 159 € 79 € 59 €
16.09.2019 9 149 € 139 € 79 € 59 €

*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден.

 

НАПОМЕНИ:

* Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште .

* Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

* Минимум две лица во студио. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

* Поаѓање: Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 22.30ч. Поаѓање е во 23.00ч.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето на поаѓање во случај на промена на времето на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање

* Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд.

* Сите попусти за деца и трето лице важат при сместување со две возрасни лица.

* Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

* Само автобуски превоз 110 еур за возрасни / еден правец: 80 евра. Деца до 12 год 65 еур / Еден правец 45 евра

* За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца

* Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе

(на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат)

*Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени

кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

* Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.

* Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.

* По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

* Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

* Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување.

Слики