Нова Година 2019 - Зима 2018/19 - Попусти за рани резервации - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Novi-Sad-Nova-Godina-2019-Early-Booking Nova-Godina-2019 Zima-Early-Booking-2018-2019 Online-Avio-Bileti

Атина - 8-ми Март 2018

1 ден 07.03.2018 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.03.2018 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 09.03.201ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.03.2018 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 11.03.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€/6.760 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Организиран разглед на Атина со локален водич – 10
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
  • Патничко осигурување – 5
  • Вечера во таверна – 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Мерион Травел

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб