Во тек се аранжманите за Нова Година и Зима 2017/18 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Restoran-A2-Vranje-2018 Belgrad-Nova-Godina-2018-2 Nova-Godina-2018 Early-Booking-Zima-2017-2018 Online-Avio-Bileti

Швајцарија - 11-ти Октомври 2017

СКОПЈЕ – ВЕРОНА – ЛУЦЕРН – ЦИРИХ – БЕРН (ШТААД) – ЖЕНЕВА МОНТРЕ ЛОЗАНА НИОН СКОПЈЕ

1 ден 04.10.2017 СКОПЈЕ – ВЕРОНА

Состанок на групата во 13:30 ч. на паркингот пред спортски центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и поаѓање за Верона во 14:00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 05.10.2017 ВЕРОНА

Пристигнување во Верона. Разглед на градот: Градските ѕидини, Гробот на Јулија, Плоштад БРА, Општинската зграда, Офицерскиот Дом – Театарот, Арената (Колосеум), виа Мацани, куќата на Јулија, Плоштад Ебре и најстариот пазар во Верона, Столбот на срамот, Плоштадот Сињори, Старата прокуратоура и затворот, Гробот на фамилијата Дела СкалаСлободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Верона. Во попладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 06.10.2017 ЦИРИХ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Цирих, Швајцарија, Пристигнување во пладневните часови во Цирих. Разглед на градот: Стариот град – Niederdorf, Grossmunster – стара романска црква од  1519 год., Fraumunster – стара готска црква од 853, Lindenhof – живописно брдо со тесни улички, Landmuseum – музејскиот кварт, железничката станица… Слободно попладне за индивидуални прошетки. Препорачуваме Bahnhofstrasse (најпознатата и најголема шопинг улица во Швајцарија), Schanzengraben (мал канал кој води од железничката се до Циришкото Езеро), познатата циришка променада покрај езерото… Во поладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден 07.10.2017 ЦИРИХ – ЛУЦЕРН – ЦИРИХ

Појадок. После појадокот можност за факултативена посета на Луцерн. Разглед на градот: Градското пристаниште на едно од најубавите езера во Швајцарија, Луцерншко Езеро, познатиот културен центар KKL, најстариот мост Капелбруцке, катедралата Jesuitenкirche, Градското Собрание, мостот близнак на Капел Бруцке (со кој биле обележани границите на стариот град), Стариот град и неговите живописни улички, градските ѕидини од каде има прекрасна панорама на градот, момументалниот споменик на Швајцарската гарда – Луцерншкиот ЛАВ, продолжуваме покрај старата Швајцарска Куќа (ресторан), катедралата Св. Леодгер… Слободно попладне за индивидуални активности во центарот на градот, како и можност за прошетка на променадата и уживање покрај Луцерншкото езеро и прекрасните планински пејзажи. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 08.10.2017 ЦИРИХ  – ЖЕНЕВА

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Женева. Разглед на градот Женева: палатата на Обединети Нации, мостот Мон Блан, монументалниот споменик Brunswick, Англискиот парк, фонтаната Jet DEau, прошетка низ стариод град, градската катедрала СВ.Петар, Кантон – Парламентот… Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање со една од најпознатите фонтани во светот. Сместување во хотел. Можност за посета на центарот на Женева (со јавен превоз во договор со водичот), прошетка по променадата на Женевско Езеро, Стариот град. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 09.10.2017 МОНТРЕ – ЛОЗАНА – НИОН

Појадок. После појадокот можност за целоднвевен факултативен излет на Монтре, Лозана, Нион. Посета на монденското место Монтре, можност за прошетка по бреговите на Женевското Езеро познатата променада на која има повеке од 150 различни видови на растенија и спомен бистата на Фреди Меркјури, низ центарот на Монтре и посета на замокот Шилон. Потоа патувањето продолжува по бреговите на езерото кој нуди единствена глетка од вашата лева страна Женевското Езеро и погледот на француските Алпи додека пак од десната страна имозантен поглед кон пространите лозови насади. Патувањето продолжува кон Лозана, главниот град на кантонот Ваду. Прошетка низ градот во кој се наоѓа Меѓународниот Олимписки Комитет и прошетка низ центарот на Стариот град: готската катедрала Notre Dame, Дворецот Св. Мариа, Музјскиот комплекс Румине, Плоштад Рипон, црквата Св. Франсис, уметничкиот шопинг кварт Флон… Прошетката продолжува покрај езерото. Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање покрај Олимпискиот Музеј, замокот  d’Ouchy, пристаништето. Потоа поаѓање за Нион, кратка прошетка  низ центарот на градот, пристаништето и замокот de Nyon. Поаѓање за Женева, враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден 10.10.2017 ЖЕНЕВА – БЕРН – ШТААД – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Попатна посета на ШТААТ – САНЕНЛАНД (во срцето на швајцарските Алпи), луксузен, еминентен, елитен ски центар. Слободно време за индивидуална низ центарот на градчето. Попатно се застанува во локална фарма каде се произведува вкуснен алпски кашкавал, можност за дегустација и купување на истиот. Поаѓање за Берн, културно политички и економски центар и главен град на Швајцарија. Прошетка низ центарот на градот, слбодно време. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и пасошка и царинска контрола.

8 ден 11.10.2017 Скопје

Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 359€/ 22.250 мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Верона или околина на Верона  – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 2*/ 3* во Цирих – 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 2*/3* во Женева – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Организирани разгледи на градовите според програмата
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

Ве цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневна факултативна посета на Луцерн – 45€
  • Целодневен факултативен излет Монтреу, Лозана, Нион – 50€
  • Метро и автобуски карти
  • Патничко осигурување без франшиза – 5€
  • Туристичка такса во хотелите во Швајцарија
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Мерион Травел и СКТМ

 

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб