Early Booking за Зима 2017/18 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Early-Booking-Zima-2017-2018 Online-Avio-Bileti

Санторини - Грција - 11-ти Октомври 2017

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 ЕУР/ 12.340.00 ДЕН

 

1. Ден : 06.10. Петок, Скопје – Санторини

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 15:30ч.

Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2. Ден : 07.10. Сабота,

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.

Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини.

Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари.

Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

3. Ден : 08.10.Недела,

Појадок.По појадокот,околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4.Ден : 09.10.Понеделник,

Појадок.По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС(за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери). Можност за капење во топлите води  на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

5.Ден : 10.10. Вторник,

Појадок.Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G.Koutsoyannopoulos Winery-Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес,посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод.Поаѓање за Пиреа во15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреја  околу 23:30ч.по локално време.

6.Ден 11.10. Среда,

Патувањето продолжува со автобус од Пиреја према граничен премин Евзони, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Цената вклучува :

* Превоз со високо туристички автобус(кој е на располагање и на Санторини)

* Три ноќевања  со појадок во Камари, хотел 3*** или 2**

* Бродска карта , Пиреја – Санторини – Пиреја

* Трансфер пристаниште - хотел –пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)

* Пратител и водич од Агенцијата

Цената не вклучува, факултативи по програмата

* Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(втор ден ) = 5 еур

* целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, ден 3 ти по програмата) =35еур

* целодневна екскурзија со брод (автобус+водич+брод, ден 4 ти по програмата)  =35 еур

* посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино ( 5 ти ден по програмата)  =18 еур

* Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците ) 

* Задолжително здравствено патничко осигурување

Напомена :

**Плаќање во денарска противредност 1еур = 62 МКД

**За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници

**За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Мерион Травел, и општите услови за патување на СКТМ

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб