Early Booking за Зима 2017/18 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Early-Booking-Zima-2017-2018 Online-Avio-Bileti

Атина - 11-ти Октомври 2017

1 ден 07.10.2017 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.10.2017 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 09.10.2017 ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.10.2017 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 11.10.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/7.370 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич на Атина
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
  • Патничко осигурување – 5
  • Вечера во таверна – 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Мерион Травел и СКТМ

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб